Преубавата српска манекенка скокнала од мост, паднала во врела вода па ѝ отпаднала косата- денес живее луксузен живот

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Преубавата српска манекенка скокнала од мост, паднала во врела вода па ѝ отпаднала косата- денес живее луксузен живот

Манекенката Јована Швоња важи за една од најубавите Србинки и живее на висока нога. Сега е мажена за популарниот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ, но нејзиниот живот не поминал без инциденти.

Во 2010 година медиумите пишувале дека манекенката се обидела да си го одземе животот скокајќи од мостот Дуга во Нов Белград, а причината за тоа била кавга со тогашното момче. Таа подоцна демантирала, велејќи дека станувало збор за незгода, а не намерна постапка.

Две години после тоа заминала кај пријател на извор на термална вода кај Сремска Митровица. Бидејќи била невнимателна, се лизнала и паднала во врело во кое температурата на водата била 90 степени. Пријателот брзо ја извлекол, но сепак ѝ била оштетена 50 отсто од кожата и ѝ отпаднала косата.

Три недели минала во Клинички центар во Нови Сад, а потоа успешно закрепнала.

Во април 2014 година започнала врска со три години потариот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ. После три месеци врска се вериле, а на 10. ноември се венчале.

1 јули 2019 - 14:50