Необична врска: Што имаат заедничко принцот Хари и сопругата на Пендаровски

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Машки магазин.

Понекогаш постојат чудни патишта кои ги спојуваат луѓето. На еден или на друг начин

Љубовта ги поврзува и двајцата, зошто таа се рефлектира низ разни начини, кон различни нешта. Но немаат никакви допирни точки ниту пак некогаш се сретнале. Ама она што ги спојува и кон кое придаваат важност е секако нивната Меган.

На Принцот Хари сопругата Меган Маркел му е љубовта на животот, а на Проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски (покрај Претседателот) автомобилот “Рено Меган” кој го вози. Таа е вработена во Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Хари се забавуваше со Меган скоро 15 месеци, а во брак се 1 година.

Првата дама има подолга “врска”. Таа го вози својот миленик уште од 2005 година. Барем така е наведено во имотниот лист што го достави Претседателот во Државната комисија за спречување корупција. Тој за волја на вистината има Југо Темпо старо 20 години.

Хари и Меган Виндзор се екстремно богати. Британската кралица Елизабета Втора не штедеше да му даде на својот внук поголем дел од своето богатството кој се проценува на 88 милијарди долари, само во недвижнини и приходи, исклучувајќи го кралскиот накит кој е бесценет. Брачната двојка според “Форбс” има од 20 до 40 милиони долари. Поседуваат неколку замоци и палати меѓу кои и познатата “Фрагмур котиџ”. Добиваат пари од сите страни: од наследството на Принцезата Дијана и Кралицата мајка, од кралската воздухопловија во која принцот служеше 10 години… Ова е само дел. Во Британија веруваат дека двојката тежи милијарда долари, но официјално нема потврда за тоа.

Со Стево и Елизабета нешто поинаква е ситуацијата на имотен план.

Официјално, од она што е пријавено, имотната состојба ги содржи само Југото проценето на 1000 евра и девизна сметка на Пендаровски со 12 илјади евра и Меганот на Елизабета со вредност од 6 илјади евра како и девизна сметка со 3 илјади евра. Друг имот немаат пријавено.

Небојша Толески

23 август 2019 - 12:55