Мозаик Еве зошто утре навечер треба да пресечете главица кромид и да ја оставите на прозор

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Центар.

Народните верувања велат дека старите луѓе на Бадник и Божиќ користеле главица кромид за да дознаат какво ќе биде времето цела година.

Потребно е на Бадник, навечер, да исечете главица кромид на 12 парчиња (по едно за секој месец).

Во секое да ставите по малку сол и да ги оставите на прозор да преноќат.

Најстариот член на семејството, утредента, на Божиќ треба да ги разгледа парчињата кромид.

Во она во кое има вода, во тој месец ќе има вода и дождови. Ако некое парче е суво, тој месец ќе биде сув, велат постарите според народните верувања.

5 јануари 2019 - 21:00