Како да препознаете личност со добра душа?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.

Веројатно се имате запрашано како да ги препознавате добрите луѓе. Сакате да знаете што прават, што зборуваат и како се однесуваат.

Како да препознаете личност со добра душа?
Како да препознаете личност со добра душа?

Всушност, воопшто не е важно што кажува некој. Ниту пак е важно како каква личност ви изгледа. Она што ја „издава“ личноста со добра душа е атмосферата која се менува со нејзиното присуство. Ова е најмоќниот доказ.

Кога во просторијата ќе влезе добра личност, ќе се почувствувате како воздухот да се променил. Атмосферата ќе ви изгледа поубава, потопла и попријатна. Во просторијата влегла добра, силна душа која е во состојба да неутрализира сè останато.

На сличен начин можете да ги препознаете и лошите луѓе. Доколку се почувствувате непријатно и постудено, доколку ви се промени расположението кога некој влегол во просторијата, важно е да знаете дека станува збор за лоша, но исто моќна енергија на лоша личност.

12 март 2019 - 13:49