ФотографијаЛуѓе и настани Лепа Брена цела ноќ се „гушкала“ со веце-шолјата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.

Фолк-пејачката Лепа Брена меѓу своите колеги важи за некој што не ужива во алкохол, меѓутоа, и нејзе и’ се случило да претера и да и’ се слоши. Како што самата раскажа, не знаела каде се наоѓа и одвај чекала да си легне.

Не сакам жестоки пијалаци. Се сеќавам дека бевме некаде, ми дадоа виски и постојано ми досипуваа. Кога пиете една пијачка, тогаш го пиете само тоа. Никако не смеете да мешате. Мене ми измешаа две-три виски. По еден час се’ заврши со приказната дека одам во тоалет, каде што цела ноќ се гушкав со веце-шолјата“, искрена беше Лепа Брена за „Блиц“.

17 ноември 2018 - 08:48