(ФОТО) Марјана Станојковска го гушкаше, па го држеше за рака домаќинот на Пивофест 2017!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

Атрактивна, згодна, средена и стокмена како и секогаш… Марјана Станојковска и годинава е главна водителка на „Пивофест 2017“. Облечена во долга црвена тоалета со шлиц до колкови, со симетричен отвор кај струкот, месо боја сандали и долги обетки, македонската лото девојка и годинава понуди „изглед од милион долари“!

А на таков изглед и така згодна „риба“ најчесто се „лепат“ главните мајмуни во градот! Така било отсекогаш, така беше и овој пат! Таа елегантна, заводлива, секси… а тој главен фраер до неа. А кога така голем мајмун ќе биде до тебе, не ти преостанува ништо друго освен или да го гушнеш или да го фатиш за рака… особено ако мајмунот е главниот домаќин… Како во случајов, маскотата на Пивофест 2017!

16 јули 2017 - 23:58