ЕКСКЛУЗИВНО: СРЕЌЕН ФАН ЦЕЛА НОЌ ГО ЧЕКАЛ ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Centar News.

По лошата најава на некои медиуми дека македонскиот победник на X-Factor, Даниел Кајмакоски ќе дојде во Скопје веднаш по победата, среќен фан цела вечер го чекал да пристигне.
 
Нашиот читател В.Д. ни испрати фотографии и се пожали што некои медиуми излажале дека Кајмакоски пристигнува во доцните часови.
 
 
Нашиот читател фан на Даниел Кајмаковски добил лажна информација дека Даниел ќе пристигне вчера во Скопје по што отишол да го пречека прво кај Триумфалната Порта.
 
Потоа на плоштадот со лавовите, па се упатил кон аеродромот „Александар Велики“ и на крај се упатил кон железничката станица во Скопје.
 
Бидејќи никаде не успеал да го сретне си отишол кон дома крајно разочаран.
Се надеваме овој фан конечно ќе се сретне утре со Даниел Кајмакоски!
28 март 2017 - 15:38