Ѕвездата на Гранд со автомобил се заби во камион: Пејачката е цела осакатена

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Прес 24.

Српската пејачка и ѕвезда на Гранд, Надица Адемов, имала сообраќајна несреќа која за малку ќе ја чинела и живот.

Нејзиниот автомобил како што пренесува српскиот Курир, налетал на камион и буквално бил целосно смачкан.

- Ги осакатив двете раце, главата ја удрив напред во седиштето, имам модринки и лузни, но бог не чуваше, вели Надица.

Сега е пуштена од болница и се чувствува добро.

27 јули 2018 - 13:51