Бред Пит открива: Елита на педофили владеат со светот, Илуминатите ја водат секс трговијата со деца во Холивуд

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Локално.

По последната серија апсења на педофили во Калифорнија филмската ѕвезда Бред Пит откри шокантни информации за длабочината на проблемот со педофилијата во Холивуд.

Излегува дека актерот кој е ветеран во шоубизнисот, лично бил сведок на темната страна на забавната индустрија, пишува “Шоу” во новиот број.

“Целата телевизиска и филмска индустрија се врти околу привлекувањето на деца во мрежата, која се протега во САД и пошироко од земјата, како и во високообразовните социјални и политички структури.

Вие мислите дека Холивуд сака да прави филмови? Тоа е само нус-производ: Сè е за пари и уште поважно, за моќ и контрола! “, изјави Пит, кој додава:

“Луѓето кои управуваат со Холивуд, управуваат со Америка и со поголемиот дел од светот и не им е гајле за филмовите!

Сте слушнале за Илуминатите, нели? Тајните општества, политичарите, банкарите и медиумите – тие се оние кои управуваат со педофилските кругови, истите управуваат и со светот, а сето тоа започнува од Холивуд.

Децата сакаат да снимаат филмови, или посоодветно е да се каже дека родителите сакаат да ги видат своите деца во филмовите и ќе направат сè за да ги направат познати “.

А на прашањето зошто мрежите на елитата го избрале токму Холивуд, актерот е категоричен:
“Поради родителите. Ова е американскиот сон – да бидеш познат. И родителите би направиле сè за да ги направат деца такви. Дали некогаш сте ги виделе мајките родителите на дете актер? Тие се навистина луди.

Таков род за лесни добивки може да се однесува само на филмовите, а и за музиката, телевизијата, шоубизнисот. Реално родителите ги продаваат душите на своите деца за слава “.

Според ѕвездата децата се користат како политичка валута додека родителите ги затвораат очите со надеж дека нивното потомство ќе ја предводи следната класификација.

“Еден од оние (од елитата) купува некој филм. Илјадници деца се јавуваат на кастинг за главната улога, и можеби стотина од нив се претставуваат добро. И тогаш се појавува некоја лоша мајка која би направила сè за улогата. Потоа детето паѓа кај некој тип кој раководи со телевизиската мрежа.

Таа го дистрибуира филмот и е депонент дека ќе освои многу пари, кога делото ќе стане хит. Човекот од телевизијата никогаш не би рекол нешто лошо за филмот, бидејќи е депонент и знае што тој направил со тоа дете.

Истото се случува околу политичарите и банкарите … Тоа се задкулисни игри со деца кои се како адут. ”

Бред Пит има тешко минато со тајните општества, откако истече видео на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Во него таа ги открива жестоките ритуали на Илуминатите во Холивуд со човечки жртви.

Слично на Бред Пит и Илајџа Вуд исто беше бескомпромисен во изјавата, велејќи дека Холивуд е во канџите на скандалот со сексуалното насилство врз деца, која вклучува “многу влијателни личности” кои се под чадорот на политички лидери од врвот. За Вуд скандалот во Холивуд е на скала, слична на оној со Џими Савин во Велика Британија, во кој поранешната телевизиска ѕвезда, кој имал блиски односи со британското кралско семејство, не е само сериски педофил, туку буквално злоупотребил стотици деца, но и макро на деца за елитата на педофилските кругови.

23 јули 2017 - 23:14