Чоколаден десерт

Чоколадна пита

Пита со тоблероне и бадеми.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 50гр. чоколадо за готвење
  • 50гр. тоблероне, искршено на парчиња
  • 20гр. путер
  • 2 јајца, издвоени белки и жолчки
  • 125мл. хопла
  • 1 лист замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце лесно изматено
  • 1 лажица сецкани бадеми
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

Растопете го чоколадото за готвење и тоблероне чоколадото заедно со путерот во огноотпорен сад на пареа над зовриена вода. Мешајте додека двете чоколади да се растопат и соединат. Оставете ги малку да се изладат па додадете ги жолчките од двете јајца една по една и измешајте.
Со миксер изматете ги белките во чист сад додека да добиете пена. Хоплата изматете ја во друг сад. Со лажица додадете ја изматената хопла во чоколадниот крем а потоа додадете ги и белките. Измешајте го кремот, префрлете го во пластичен сад со капак и оставете го фрижидер 3-4 часа. Можете да го оставите и прелу ноќ.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете плех со хартија за печење. Исечете го тестото на 6 коцки. Поставете ги парчињата лиснато тесто врз плехот. Премачкајте ги со лесно изматено јајце. Измешајте ги бадемите и шеќерот и додадете ги врз тестото. Печете го лиснатото тесто 10 минути. Потоа оставете го да се излади.
Во две чинии за сервирање ставете по едно парче лиснато тесто. Премачкајте го со чоколадниот крем. Врз кремот ставете уште едно парче лиснато тесто. Додадете уште еден слој од кремот и на крај завршете со последните парчиња лиснато тесто.
Наросете врз чоколадната пита малку шеќер во прав.
На здравје!

18 октомври 2013 - 16:06