Што ги тера луѓево вака да си пукаат во нога?

Замислете хирург да ви каже дека Хипократова заклетва која ја положил е нешто што само звучи убаво а медицинските протоколи по кои требало да ви ја изведе операцијата се обично парче хартија?

За членот од македонскиот Устав (околу грижа за малцинствата) кој ќе треба да се брише според договорот со Грција;

„Тоа ништо суштински не менува освен дека сте морале да отстраните една одредба која изгледа убаво.... Ова е само прикаска на хартија, на хартија можете што сакате да напишете.“

Гордан Калајџиев, професор по правни науки кој својот професионален свет го сведе на пишување „одредби кои звучат убаво“ а она што го предава на студенти и она од кое живее - „прикаски на хартија“.

Па ај да го каже тоа за правото некој водовоџија или бербер, па да разбереш некако, ама професор по право? И колку тоа Грците мора да се бескрајно глупи и наивни кога нè притискале да бришеме баш небитни и шминкерски одредби на Уставот?

* Само вистина, јуни 2018

19 јуни 2018 - 14:11