Принципот е ист, сè останато се нијанси

За утре да си бидете горди на Преспанскиот договор исто како што денес сте горди на феноменалната приватизација која во Македонија своевремено ја спроведоа горе-долу истите структури, да потсетиме од кога се влече истиот тој тип на лага: Нема вие што да мислите, ние знаеме што е ваша перспектива и иднина, вие треба само да бидете ЗА....  

„Агенцијата за приватизација нè направи не малолетни деца туку ептен деца. Како: „Ако бидеш добар, ќе ти купам сладолед“. Граѓани, бидете за приватизација зашто тоа е вашата перспектива и иднина, вие немате мозок за да оцените што значи труд, што значи вредност, што е ваше, што ви припаѓа, па ние ќе ви ја решиме таа судбина. Ваше е само да бидете ЗА, да не давате отпор. Таков облик на пропаганда, до тоа ниво упростена, мислам дека не одговара на барем малку цивилизирана држава“.

Крсте Јанковски, Работничка партија
(првата левичарска партија во Македонија)

извор: Уа, шнајдери, трета епизода (26:26)

6 ноември 2018 - 08:46