Дозволете да ми да се налутам

Пред сами да се повикате и да си ја дадете улогата да ја образувате рајата што се тоа навивачи, колку се опасни, бедни и штетни, отидете барем еднаш на некој натпревар. Видете од прва рака за каква супкултура станува збор.

Од дежурните виновници не можете да ги видите вистинските виновници.
И дозволете да ми да се налутам.
Да се налутам на системот и на институциите. На обидот за заташкување и прикривање.
На „навреме расчистениот“ случај. На пријавата за насилство и покрај очигледните нанесени повреди и намера.
На некогаш гласните невладини и на нивниот громогласен молк овие десет дена.
На полтроните, војничињата и апологетите кои денес релативизираат, изедначуваат и нешто некого потсетуваат.
На политичарите кои некрофилски собираа поени денес.
Ставете си прст на чело пред да напишете нешто на ФБ пријатели. Убиство од омраза, за тоа зборуваме. Причина за да дејствуваме, не за да бидеме пониски и полоши од оние двајца кои се во притвор.

Полна уста неселективна правда, полни улици бели мечки...

Огнен Чанчаревиќ

10 јули 2018 - 13:36