Македонец кој им ја вади маста на звучките на Ајфон

Наш дечко, зналац, купил Ајфон Икс и сфатил дека потенцијалот на звучките не е до крај искористен или пак дека фабрички понудените аларми и рингтонови се претивки за него. Седнал пар недели, штимал, твикал, штемуел, и извадил пар пакетчиња супер звуци. Ене го, на големо го фалат во рецензии по странски магазини.

* Постот на Редит по кој заедницата полуде

Од рецензијата на уредникот на Гаџет хакс:

„Накратко, овој аудио инженер скроил звуци кои звучат најсилно можно а сепак звучат одлично на Ајфон Икс. Резултат е колекција од едни од најдобрите тонови кои се достапни за Ајфон. Секој тон звучи жестоко, приближувајќи се до сараунд звук најмногу колку што може да се очекува од звучник на смартфон. Треба да ги слушнете за да сфатите колку се добри“.

Пакетчињата аларми и рингтонови се гласни и бесплатни (иако ферски е да почастите кафе) и можете да ги најдете овде.

Браво за Илија и неговата гласност, иако тој ни правеше ќеиф и кога беше Сајлент.

24 мај 2018 - 10:49