Крунскиот доказ дека не сме антички

Погледнете ја онаа планктонска маса која деновиве брани нешто што не се брани, оние што се спремни да проголтаат цокула и да ти кажат дека бифтекот е одличен, оние кои одеднаш почна да се оградуваат од себе и тоа што со децении го мислеле и верувале, оние кои те тераат да зјапаш во небо само за да не ти текне дека ти држат кал под нозете, оние кои се истрачаа пред нивните богови за сега да го јадат срамот за век и веков.... ОК? А сега одиме до Демостен и тогашните Македонци.

Но ако некој роб или некое суеверно копиле го уништеше и залудно го потрошеше она на што не полага никакво право, небеса! Колку чудовишно и иритирачко ќе го наречевме тоа сите! Па сепак тие немаат такви грижи околу Филип и неговото сегашно однесување, иако тој не само што не е Грк, ниту пак е поврзан со Грците, туку не е дури ни варварин од кое и да е место кое заслужува чесно име, туку опасен измамник од Македонија, каде никогаш не си можел да купиш пристоен роб.

Демостен, третата Филипика

27 јуни 2018 - 15:24