Како од САФ и Чиста околина се дојде до ова?

Име на раперот: Никлеман. Повод: има нова песна, пиаровски најавена (сосе капс лок-от) како: НОВИОТ ПРОВОКАТИВЕН СПОТ НА НИКЛЕМАН!

Во песната Никлеман ве повикува да дојдете со него во диско, да се забавувате, да играте и да не мислите на ништо друго!

Младите убави луѓе, диско атмосферата и згодните девојки ќе ве натераат повеќепати да го гледате овој провокативен видео спот, во кој изобилуваат заводливи сцени со играње.

Тоа стои во пропратниот текст на продуцентската молба да го објавиме на сајт. Ќе го, ќе го. И онака нашиот осврт на оваа "песна со провокативен видео запис" е многу пократок:

Овде е све ебено погрешно.

14 јули 2014 - 13:16