Ај на табла

Што ни е задачата, моличу лепо?

Добро е што Македонија нема нуклеарна централа. Зошто? Затоа што има премногу лудаци кои мртви-озбилни мислат дека треба да им кажуваат на вработените што да прават и каква им е задачата. Како? На Фејсбук, нормално.

Ама затоа Македонија има медиуми.

Тоа што има стотици медиуми наоколу и горенаведените можат да си одберат што сакаат (или да напрaват свој, ако баш), не им пречи да си ја тераат истата мисија, да кажуваат некому што му е задачата, да му одбираат теми. Да го освестуваат, јебо те!

А знаете како оди тоа: денес ќе ти одбираат тема, утре ќе ти одбираат со која песна ќе се будиш во логорот. Досадни се и главно ги игнорираме. А некогаш па не.

Повод: Статијата "За табиетот на Коѕијас", која, патем, ја немаа другите медиуми (не ја нашле, не им се видела потребна, небитно), што значи дека немало кај да прочиташ за тоа на друго место. 

Ама не. "Ципрас нека му ја мисли за тоа, ваша задача е....". ќе рече просветител со Фејсбук профил.

Заебот со ваквите е ако ги игнорираш, ќе помислат дека молчењето ги потврдува нивните небулози (значи, во право биле!). Ако им одговориш, ќе речат дека дека те погодиле штом одговараш (значи, во право биле!). Квака 22.

Може чарето е да ги вадиме на табла. Овојпат идентитетот е замаглен. Да почастиме, за сефте.

***********

Кога ја препрочитуваме оваа јалова преписка, имаме чувство дека сепак фали нешто. Ок, ок, еве ги прстенчињата :)

 


 

20 јануари 2017 - 11:24