Република Македонија - Казнена

Ѕирнете една мала збирка на примери за што сè можете да бидете казнети во Македонија. Веднаш ќе ви стане јасен сатиричната вест на Коза Ностра дека ќе бидете казнети со 500 евра доколку три месеци по ред не сте добиле никаква казна.

Фото: panika.be

Ако си сиромашен и немаш пари за фенси опрема за велосипедот и си возиш некој стар Рог од времето, ќе бидеш казнет со 100 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш сушална, па го спростираш испраниот веш на балкон, ќе бидеш казнет со 150 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да побараш услуги од некој сервис ќе платиш 1500-3000 Евра.

Ако си сиромашен и сакаш да обезбедиш некој денар за да преживееш со ситни поправки ќе бидеш казнет со 1500 – 3000 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш ајвар од продавница или немаш голем двор за да си пржиш ајвар (на пример како жената на американскиот амбасадор), ќе бидеш казнет со 250 евра.

Ако си сиромашен и не можеш да ја завршиш градбата на куќата за три години ќе бидеш казнет со 500 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да закупиш тезга на пазар и продаваш на улица, ќе бидеш казнет со 300 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да се приклучиш на канализација, ќе бидеш казнет со 400 Евра.

Ако си сиромашен и твоето дете користи туѓ учебник, ќе бидеш казнет за секое оштетување или губење на учебникот.

Љупчо К. нè прелажа дека тој ги собрал примерите но подоцна се утврди дека се работи за ФБ статус на Најчевска.

22 октомври 2014 - 09:37