Министер, амбасадор, планктон

Ѓорѓи Спасов со галантно разбирање за сите грчки барања.

****

Пошто до коска нè пиздат баш вакви ликови, кои 30 години јаделе леб од РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА за денес да нè прават идиоти и да тврдат дека во проблемот околу името учествувал македонскиот национализам (сосе „Излези момче“ и други, крајно битни работи), додека ни проаѓаше нервозата, се потсетивме на неговото минато.

* Во 2005, по препораките на комитетот за надворешна политика на британскиот парламент, горенаведениот (амбасадор во Лондон) ќе каже дека со тоа:

„Јасно се става до знаење дека за Британија е неприфатливо понатаму Македонија да се држи во состојба да не може да си го избере сопственото име поради противењето на Грција“. (види овде)

* Во 2102 година, за некои изјави на Бојко Борисов, горенаведениот (екс амбасадор и во Софија) тврдеше дека:

„ѝ помагаат на Македонија во докажувањето колку е апсурден спорот за името“ (види овде)

* Во колумна од 2008 година, горенаведениот пишува дека со „отворање нови прашања и проблеми“ се спречува приближувањето со Грција а во тие нови проблеми ги набројува:

- признавањето на македонското национално малцинство во Грција,
- враќањето на имотите и правата на децата-бегалци од Егејска Македонија
- признавањето на посебноста на Македонската црква,
- барање за промена на името на аеродромот во Солун и слично.
(види овде)

* Дневник, 2007, под насловот „СДСМ поважен од амбасадорското место во Лондон“ пишува:

 На поранешниот амбасадор во Лондон, Ѓорѓи Спасов, во текот на партиската изборна кампања му било поважно кој ќе биде лидер на СДСМ отколку претставувањето на земјата.
- Оценив дека повеќе ќе ѝ помогнам на Македонија со тоа што ќе влијаам врз промената на лидерот на СДСМ отколку ако останев амбасадор во Велика Британија - рече Спасов
(види овде)

* За неговиот Демос (НВО, институт, тинк-тенк...) кој го правеше со Нано Ружин и слични, СДСМ тврдеше дека работи за вмровците (види овде) а политичкиот ментор на горенаведениот, Бранко Црвенковски, за листата поканети на промотивната трибина на Демос ќе каже:

Листата со поканети, сигурен сум, ја потпишал Груевски, или, пак самиот тој ја доставил„ - изјави вчера Црвенковски во Тетово. (види овде)

* Во 2006, пратеникот Есад Рахиќ го обвинува горенаведениот за за незаконски активности во времето додека амбасадорувал во Софија и бил министер за правда:

„Кој е штембил-мајсторот во нашите амбасади (мислам дека беше во Софија) за издавање дозволи на анимир-дами и на танчарки упатени на печалба во филмската дестинација наречена ПЈРМ, што дебело се наплатуваше. Кој истовремено земаше и министерска и амбасадорска плата во 1997. Кој е пиротехничарот од краткиот документарец 'Спонтано палење на американската амбасада'“, праша Рахиќ во текстот што го објави „Шпиц“ (види овде)

* Горенаведениот беше лустриран па де-лустриран. Но, останува крајно информиран човек поради што уште потешко му паѓа кога треба да чека како мајмун.

,,Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време. Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар, а неговиот телефон беше недостапен“. (види овде)

*****

Министер.

Амбасадор.

Планктон.

 

 

16 мај 2018 - 13:33