Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

Во времиња кога човек не знае дали е поургентно да се сочува јазикот или умот, да освежиме со примери од секогаш сочната српска сцена. Ама зошто баш од Србија? Затоа што не е од Финска.

Се чувствувам евентуално.
Драгана Мирковиќ, ораторка

Се извинувам, не ми беше целта да го навредам новинарот. Впрочем, „јади гомна“ и не е некоја навреда.
Ѓорѓе Пантиќ, гастроном

Сардините го добиле името по Сардин, кој ги измислил.
Милош Бојаниќ, конзервиран

Не сум нарцис, но сакам да се гордеам со резултатите од мојата работа и да им се восхитувам.
Жељко Јоксимовиќ, зумбул

На овој народ му е доста од празни фрази. Целта е Србија да ја вработиме, да го намалиме увозот и да го зголемиме извозот.
Велимир Илиќ, реформатор

Не би можела да преживеам ако умрам.
Зорица Брунцлик, метафизичарка

Боже, јас нешто се распаѓам.
Сања Маринковиќ, фасада
 

Се шишам еднаш месечно, што значи дека секои 20 дена одам на фризер.
Драган Којиќ Ќеба, сметководител

Може да се случи и јас утре да умрам, тоа не го знам, сешто може да се случи.
Јован Кркобабиќ, видовит

Познат сум по тоа што не сум премногу насилен.
Милорад Улемек Легија, нежниот

Јас сум самокритична, особено кон себе.
Цеца Ражњатовиќ, аналитичарка

Шешељ е брилијантен во сексот. Како и неговиот ум.
Весна Вукелиќ Венди, курсистка

Уживам да гњурам под вода.
Милош Бојаниќ, Кусто

Џабе ми е што сум интелигентна, ако сум глупа.
Маја Николиќ, близначка

Учев и дење и ноќе, по 20 пати ја читав истата книга.
Александар Вукелиќ, повторувач

Без пари не можам, но тие ми се небитен фактор.
Немања Видиќ, касиерка

Порано пиев многу повеќе, но и сега кога ќе се напијам ептен претерувам.
Џеј Рамадановски, трезвен

Во последниве две години, колку што бев трудна, ми се чини како да сум го доживеала најголемиот подем.
Јелена Карлеуша, Георгина

Без членство во НАТО нема ни пластеници со пиперки во Лесковац.
Чедомир Јовановиќ, агроном

Јас и како мала бев дете.
Сузана Манчиќ, шпилхозна

Во школото за танцување имаше доста девојки кои имаа две нозе.
Слаѓана Делибашиќ, педикирка

Мене ми е многу тешко да кажам не, ама после долго убедување велам – да.
Ана Станиќ, милосрдна

Да не се бавам со глума сигурно би била нешто слично.
Ива Штрљиќ, гумица

Сакам зелено и природа, тоа ми е во крвта.
Индира Радиќ, вонземјанка

Кажете ми кои се моите добри, а кои лоши доблести.
Ера Ојданиќ, дуален

Сузана веќе била во Херцег Нови и Тиват. Наскоро треба да оди и во Црна Гора.
Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, монтенигерка

Еве, ја видов и нејзината ќерка, и убеден сум дека нејзината баба и прабаба ќе биде млада. Дали и нејзината ќерка ќе биде млада, ни останува да провериме.
Сава Радовиќ, гинеколог

Се опијанувам само од алкохолни пијалоци.
Александра Јефтовиќ, пробирлива

Какви момчиња, имаат полни заби насмевка.
Сузана Манчиќ, џокејка

Сакам да носам црн блу џинс.
Зорица Брунцлик, полиглот


 

10 март 2017 - 12:42