Се препознавате?

Знаци дека сте навлечени на книги

После куп вакви списоци на „знаци кои...“, конечно дочекавме и таков кој се однесува на книги. Но не се секирајте, дури и да не задоволувате голем број од овие услови, тоа не значи дека не ги сакате книгите. „Навлеченост“ конечно и не е најздравиот однос. Ни кон книги, ни кон луѓе.

Кога сте биле мали, книгите ви биле најдобрите пријатели на свет.

Кога читате добра книга, заборавате да јадете и да спиете.

Вашите расположенија се целосно диктирани од книгата што ја читате во моментот.

Трауматизирани сте од работите што се случуваат само во книгите кои ги читате.

Кога ќе го отворите новчаникот, прво што се гледа е членската од библиотека, а не возачката или сликата на децата.

Кога размислувате за бои пред очи ви се оние од едицијата класици на Пингвин.

Се радувате на дождливите денови, затоа што тогаш може да читате.

Вака изгледа вашиот совршен ден со пријател.

А отприлика вака изгледа вашиот дом од соништата.

Минувањето покрај затворена книжарница е мачење.

А пак кога е отворена, не можете да издржите а да не купите нешто.

Кога преземате макар и најмал животен чекор, за тоа консултирате литература.

Сметате дека книгите можат да ве научат баш сè.

Ќеф ви е да засрамите некого затоа што не чита.

Книгата за вас е секогаш подобра.

Секако дека вежбате.

А менувате и пози.

Често сте мамурни.

Кога заспивате, тоа е често со книга в рака.

Кога ќе завршите со читање книга што ве воодушевила се чувствувате празно и бесмислено.

Барем додека не отворите нова.

27 мај 2013 - 07:27