Трето издание на ЕТНОФФ - Студентски етнолошки филмски фестивал

Сабота, 18.11, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи третото издание на ЕТНОФФ  - меѓународен фестивал на етнолошки студентски филмови. Организатор е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕАД) и Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, Скопје. Ќе бидат прикажани 12 филмови кои третираат современи социјални теми, а ќе биде поставена и една аудио-визуелна инсталација. Влезот е бесплатен!

ПРОГРАМА

10:00 – 11:15 Прв БЛОК

11:15 – 11:30 Пауза

11:30 – 13:00 Втор БЛОК

13:00 – 14:00 Пауза за ручек

14:00 – 16:00 Макао БЛОК

ПРВ БЛОК

The Land of Udehe 
Ivan Golovnev
26’

Овој филм нè води во светот на Udehe - домородните луѓе на Далечниот Исток на Русија. Според пописот од 2010 година, нивното население спаднало на 1.490 души ...

Herr Himmel and His Forty Tenants
by Sara El Dayekh
10’40’’

„Господин Химел и неговите 40 потстанари“ е за работите кои се случуваат кога се додава нов елемент во веќе востановена динамика. Филмот е портрет на мојот закуподавач, Клаус, чиј живот како постар граѓанин е „заскокоткан“ секој пат кога тој ќе изнајми соба во неговата куќа на помлад потстанар, и за она чувство на возбуда што го добива од динамичната и свежа душа и тело кои живеат под истиот кров, кои, иако недопирливи, сепак разгоруваат и сеќавања и воајеристичка имагинација. 

Unity: Dress-scapes of Accra 
by Mara Lin Visser
36’

Едиствените парчиња на гардероба на Акра е етнографски филм за африканската мода во главниот град на Гана. Враќањето на африканското печатење се чини дека се појавува во модниот систем на Акра. Додека го следи Алан, моден дизајнер и неговата сопруга Синтија, овој мозаичен филм ја покажува големата разноликост на модни и хибридни стилови; начините на кои се користи африканската облека и изразот на културата со носење на африканските отпечатоци.

ВТОР БЛОК/SECOND BLOCK

The Feel of History
by Lise Zurne
29’

Секоја година на 1ви март историско друштво по име Komunitas Djokjakarta 1945 ја повторува една од последните битки со холандските колонизатори од 1949 година во Јогјакарта, Индонезија. Следејќи ги нивните подготовки, филмот се обидува да ја отслика заедницата и нејзините главни членови и истражува зошто овие мажи се толку заинтересирани за повторно одигрување на минатото. Фокусирајќи се на материјалната култура на повторната изведба, филмот покажува како овие „повторувачи“ креираат сопствена спектакуларна и романтизирана репрезентација на минатото што им овозможува привремено да бидат воените херои кои ги обожуваат.

Keep them Talking (Q&A with author)
by Simon Frey
20’44’’

Во светот на Јути „никому не може да му се верува“! Во рурална Јамајка, „Остави ги да зборуваат“ ја раскажува приказната за Јути, земјоделец кој се бори за средства за живот. Сите се против него. Крадат, му фрлаат магии и се трудат да го задржат „долу“. Сѐ веќе станува премногу и ова е последно. Единствениот начин да се свртат работите и да се преземе акција е да се фрлаат магии на нив.

Keep them Talking дава ексклузивен увид во денешната општествена реалност на Обеа (вештерство), нелегална практика во Јамајка од 1781 година. Обеа е прикажано не само како средство за постигнување на лични цели, туку повеќе како клучна точка во општествените односи. 

Simfonija Skopje
by Anđela Dostanić, Nina Mladenović, Marija Mrkić, Andrej Tatarchevski
13’30’’

Авторите на филмот го претставуваат Скопје преку одбирање на визуелно уникатните места и вариететот од звукови кои се присутни низ целиот град. Инспирирани од градските симфонии кои се снимале во првата половина од 20от век во комбинација со методот на сензорна/сетилна етнографија, авторите се обидуваат да го покажат ритамот на градот преку географски поврзани локации. Скопје нуди неверојатна палета од сетилни импресии во само неколку квадратни километри. 


Outro Fogo/Other Fire 
by Guilherme Moura Fagundes
19’

Сетилен запис од афинитетот и непријателските односи со огнот во конзервацијата на Cerrado (бразилска савана). Во друштво на локални претставници најмени да глумат како „огнени чувари“ и, во последно време, како „менаџмент агенти“, филмот ги истражува афектите (страв, смиреност, сигурност) на огнот надвор од дискурзивната димензија. Како додаток на портретирањето на борбата против дивите огнови и огнот-против-огнот, овој краток филм обезбедува уште еден портрет на огнот, во кој самиот оган се прикажува како Друг. На овој начин, кинематографскиот експеримент посочува на „повеќе од човечка“ филмска антропологија, во која еколошките сили како топлина, вегетација, ветришта и луѓе формираат тензија меѓу несигурноста и контролата. 

МАКАО БЛОК/MACAO BLOCK

撞牆 (Crash) 
by Hong Heng Fai, 22min, 2016

Приказната за исчезнувањето на мајката на Чои и неговата потрага по неа по социјалните мрежи довело до промена на неговиот живот. Првиот филм од Макао кој бил номиниран за наградата Златен Коњ во Тајван.

櫃裡孩 (I’m Here) 
by Tracy Choi, 44min, 2012

Лезбејка од Макао раскажува приказни од нејзините пријатели. Револуционерен ЛГБТ документарен филм направен во се уште конзервативното Макао.

老豆 (My Father) 
by Os Wei (O Chi Wai), 4min, 2016

Краток портрет на ветеран од кинеската Народно-ослободителна војска, куќен декоратор, и на крајот на краиштата, татко. 

淋肉正傳 (Leno)
by Leong Kin and Cobi Lou, 13 min, 2016

Анимиран филм за имагинарно суштество кое живеело од праисториското Макао се до периодот по португалското колонијално владеење.

亞明的澳門 (Ah Ming's Macau)
by Albert Chu, 31min, 1995

Фикција која раскажува вистинска приказна за млад режисер од Макао кој се соочил со непознатата иднина во 1990тите години пред Макао да биде вратен од Португалија на Кина.

----------------------

Во состав на овогодинешниот фестивал ќе биде премиерно прикажана аудиовизуелна инсталација од Португалија.

„Светлосни Капсули/Супстанци на Место“ се петнаесет „капсули“ во видео формат кои претставуваат три различни локации: Сералвес Парк (Современ Музеј во Порто), Манастирот Батаља (во Леириа) и Алдеиа да Луз (во Евора, во близина на Алкуева Езерото), сите лоцирани во Португалија. 
Името „Светлосни Капсули“ доаѓа од самите почетоци на кинематографијата; без светлина нема „фаќање“ ни проекција на филм; и „капсули“ бидејќи секое парче има уникатен простор и време внатре себе, снимено во еден обид кој никогаш нема да биде повторен, освен на неговата проекција. 
Ова е аудиовизуелна инсталација која се фокусира на сенката и светлината како теми за времето, просторот и движењето: филм во капсули.

Дополнително, поканет беше еден композитор да ја направи музиката за три капсули, а друг беше повикан да избере една капсула и да ја креира музиката специфично за неа. Капсулите "Pollock", "Bicephalous" и "Graffiti" беа компонирани од Фабрицио Кордеиро, а музиката за капсулата "Water" беше направена од Рикардо Ремедио, обајцата португалски музичари, кои испливуваат на националната и интернационалната музичка панорама. 

Ова е магистратура - проект од областа на филмот кој беше поддржан од Универзитетот Беира Интериор (Ковиља, Португалија) и од ИКА – Аудиовизуелен Национален Институт за Филм, како и од Сералвес, Манастирот Батаља и Хунта де Фрегесиа да Луз (Евора)

ФБ настан тука

16 ноември 2017 - 15:13