Сериозната пародија на Нобеловите: Иг награди 2018

Можеби не се најнаучни, но овие истражувања се дефинитивно позабавни од голем дел наука. Сте помислиле ли, на пример, колку калории внесува човекојадец?

Зошто голем број луѓе не читаат инструкции, или колку калории би внеле во организмот ако јадете човек? Дали забивањето шпенагли во кукла која го претставува вашиот грозен шеф може да го намали стресот на работното место? Добитниците на овогодишните Иг нобелови награди ги покриваат овие, и уште некои интересни теми.

Воспоставени во 1991, Иг нобеловите признанија (од ignoble - примитивен, прост) се благонаклона пародија на вистинскиот Нобел, наградувајќи „достигнувања кои прво ве прават да се смеете, а потоа да размислите“. Освен самото прогласување на хм...најдобрите...самото доделување претставува богата прослава која до сега има вклучено мини опера и предавања кои се одржуваат 24 часа, седум дена во неделата, на кои експери мора да ги објаснат своите истражувања два пати: еднаш во тек на само 24 секунди, втор пат само во седум зборови. Говорите при преземањето на наградата мора да траат само 60 секунди, а доколку ова се надмине осумгодишно девојче ги прекинува прекршителите со повторување на „Ве молам сопрете. Досадно ми е“. А паричниот износ на наградата се (безвредни) 10 трилиони зимбабвиски долари. 

Додуша понекогаш она што добило Иг нобел после испаднало корисно во применета смисла. Така, добитнците на Иг нобел за физика од 2006, француски истражувачи кои се посветиле на отркивање на дилемата зошто суви шпагети се кршат на пвоеќе од два дела кога ќе се свиткаат, потоа соработувале на правење нова пресвиткувачка сликарска четка за Илустратор 5, програмата на Адоб. Истовремено, резултатите излегло дека се применливи и на човечки коски и мостови.

Овогодинешните добитници на наградата, освен гореспомнатите, се:

Медицина
Влијание на возење на ролер-костери за забрзување на протокот на камења во бубрези

Антропологија
Истражување кое покажува дека во зоолошки градини шимпанзите ги имитираат луѓето скоро исто толку често колку што и луѓето ги имитираат шимпанзите

Биологија
За наод дека винските експерти можат да идентификуваат, преку сетилото за мирис, присуство на една единствена мува во чаша вино

Хемија
Мерење на степен до кој човечката плунка е добра за чистење валкани површини

Медицина
„Колоноскопија во седечка позиција: лекции научени од изведување колоскопија на сам себе“

Книжевност
За истражување кое покажува дека повеќето луѓе кои користат комплицирани производи не ги читаат прирачниците со инструкции.

14 септември 2018 - 20:33