На десетгодишнината од затворањето на весникот

Премиера на документарец за Ферал Трибјун

Во кино Европа на 13 јуни беше одржана загрепската премиера на „Вива лудеж“, филм на Марина Баничевиќ и Саша Станиќ, кои велат дека тој всушност и не е класичен документарец.

Се работи за разговорен филм, патување низ времето во дијалошка форма, она време кое според авторите треба да престане, но кое одново и одново се повторува. Тој има три тематски нивоа, првото за работата во редакцијата на Ферал, за објавените книги на фераловата тројка, но и за општествено-политичките премрежја низ кои има поминато весникот. Како илустрации се користат архивски материјал и по некоја анимација.

Бидејќи Ферал бил цел новинарски „погон“ низ кого поминале многумина, ова не е начин да се направи сеопфатна слика на овој весник, туку приказната се фокусира на најпрепознатливите - Иванчиќ, Дежуловиќ, и неодамна починатиот Луциќ.

Идејата за филмот дошла пролетта 2015 кога е и снимен, но постпродукцијата траела скоро три години. За премиерата и другите проекции низ Хрватска се барала карта повеќе, од луѓе кои низ годините го препознале напорот на весникот да ги сочува идеалите на човечноста и солидарноста, сето тоа низ многу „лудизам“, низ смеа и игра со јазикот и со закостените концепти.

Истовремено со филмот во Загреб беше претставено и четвртото, дополнето издание на Борис Павелиќ, монографијата посветена на Ферал, „Смеа на слободата“.

20 јуни 2018 - 17:24