„Паразит“ ќе стане американска ТВ серија

Еден од најдобрите филмови на 2019 ќе биде адаптиран во мини-серија, во продукција на ХБО.

Бонг Џун Хо, режисерот на „Паразит“, ќе ја работи серијата базирана на истомениот филм заедно со Адам МекКеј (The Big Short, Vice, и Succession, која само што доби Златен глобус за серија).

Иако детали се уште не се соопштуваат, она што се знае е дека ХБО ја добил „битката“ за правата за адаптирање во силна конкуренција со Нетфликс. Бонг и МекКеј ќе бидат и негови извршни продуценти.

Филмот дебитираше на Канскиот филмски фестивал во мај 2019, каде ја доби Златната палма. Од тогаш постојано се кити со признанија, а последниот беше Златниот глобус за странски филм. Се смета и за фаворит за Оскарот. Но уште поинтересни се бројките кои ги врти на кино-благајните - до сега 130 милиони долари на светско ниво, што е необично со оглед на тоа дека се работи за социјална сатира и тоа, особено при крајот, за гледачи со подобар стомак.

Сепак овие вести треба да се земат со резерва, бидејќи исти такви имаше и за преточувањето на „Сноупирсер“, претходниот филм на Бонг од 2013, во серија. Овој јули дури излезе и трејлер, со ветување за премиера на пролет оваа година.

Букбокс осврт за филмот тука

10 јануари 2020 - 18:11