Нова книга: „Внатре црното огледало“

Креаторите на серијата Чарли Брукер и Анабел Џоунс во „Инсајд Блек мирор“ откриваат куп занимливости од зад сцените на нашата омилена серија. Таа не случајно излезе вчера, ден по Халоуин, веројатно како знак за тоа од што навистина треба да се плашиме.

Блек мирор, и покрај повремените падови на квалитетот, сè уште ја сметаме за социо-културно најважната серија во моментов. Нејзините дистописки приказни полека почнуваат да стануваат реалност, и веројатно, кога сите ќе се остварат, ќе можеме да речеме - ова е Блек мирор вистинска. Се разбира ако бидеме уште тука кога ќе се случи истото.

Рекламирана како „усна историја“ на 19-те епизоди на Блек Мирор, од „Државна химна“ до „Црниот музеј“, книгата од 320 страници содржи белешки и тривија од креаторите на серијата Брукер и Џоунс, како и на различни членови на екипата и креативниот тим.

Првобитниот план беше серијата да се прелее на хартија во поинаква форма, односно во нови романи од различни автори (нешто што го најавивме пред повеќе од една година), а кои само бегло би биле инспирирани од филмуваниот материјал. Сега тие се одложени на неодредено време.

Само за посветените фанови на БМ, тука 50 до сега непознати детали од содржината и снимањето, вклучени во книгата, или час и пол разговор со авторите организиран од Гардијан по повод излегувањето на книгата кој беше пренесуван во живо вчера (1.11).

Петата сезона на БМ се планира за 2019.

2 ноември 2018 - 08:17