Македонски хип-хоп документарец на Синедејс

Утре (понеделник, 16.11) во 21 часот во кино Фросина ќе видите една можна приказна за македонскиот хипхоп - ако сте дел од таа сцена ќе ги препознаете луѓето, музиката и стиховите. Ако не сте, ќе научите нешто за една урбана субкултура, чија иднина во градов ни изгледа сигурна. Плус, влезот е бесплатен.

Yo, I was a fiend before I became a teen

I melted microphone instead of cones of ice cream

Music orientated so when hip-hop was originated

Fitted like pieces of puzzles, complicated

Стиховите од Microphone fiend на Rage against the machine се веројатно најдобрата илустрација за тоа колку е тешко објективно да се претстави некаков културен феномен, особено ако си човек кој ги знае работите од внатре и си емотивно вовлечен во приказната. Но во случајов на Александар, Небојша и Ѓоре (режисерот и екипата) тоа им успеало - „Сложувалка: изгубените делови“ не е правен во стилот на „видете колку е све ова кул", туку од гледна точка на веќе созреани луѓе, кои знаат да направат дистанца меѓу личните љубови и она што го истражуваат.

Бидејќи „Сложувалка" е токму тоа - визуелно истражување на (според зборовите на самите соговорници) не само еден музички концепт, туку и на една идеологија, и на нејзините локални варијанти. Како некој сосема неупатен во хип-хопот, во приказната ми беа многу интересни и некои навидум споредни моменти - јазикот и „поезијата" на хип-хопот, кои претставувале посебен предизвик за нашите музичари, затоа што тие „не знаеле да пишуваат и да рецитираат, особено не на македонски".

Еве го клипот во кој Тони Зен го објаснува ова, како и чувството прв пат да чуеш своја песна најавена на радио.

За остатокот од филмот дојдете утре во Фросина. Нивната вистина за хип-хопот ќе ви ја претстават Ицко и ВиЏи (Чиста Околина), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), ДЈ Гоце (САФ), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Против Сите, Хром (графити), Тигаз (ДНС), Тони Зен, Green Out, Пука Козметика, Брус, Слаткаристика, Џоџо (Стрес), Жиле и Вали, Огнен (битбокс), Зад Аголот, Титаниум, Токсиколози, Авторизација, Дивизија.

15 ноември 2015 - 09:30