Вечерва во МСУ

Kaков звук создава глината?

Денес, 28.11 во 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи необичен перформанс под наслов „Интуитивно зуење на спиралата“, кој вклучува глина, грнчарско колце и женски глас.

„Тактилната информација и механиката на колцето кои учествуваат во правењето на глинените садови стануваат генератори на музички композиции, нивни дизајнери и пренесувачи. Притоа се раѓаат нови видови звуци, но и материјални тела“.

Вака гласи описот на настанот кој ќе се одржи вечерва, четврток 28.11 во МСУ. Изведувачи се тројца грчки уметници - Хектор Мавридис, роден во Австралија а образуван како керамичар во САД; Костис Дригијанакис, композитор и автор на 12 електро-акустични албуми; и Савина Јанату, музичарка чија биографија вклучува над 50 албуми, како и композиции за театар и филм.

Но покрај тоа што сакавме да го најавиме вечерашниов настан, вистинската причина за оваа статија се две песни во изведба на Савина со групата „Примавера ен Салонико“ (пролет во Солун), чија специјалност се сефардски, медитерански и други мелодии поврзани со градот Солун. Еве ги двете:

„Јано Јановице“, од леринско

Онаа песната од документарецот „Чија е таа песна?“, која се среќава кај повеќе балкански народи под различни имиња („Ој девојче девојче“, „Черни очи имаш либе“, „Зашто суза у мом оку“, „Погледај ме Анадолко“, „Апо ксено топо“, „Ушкудар“, „А бре моме црнооко“ итн.)

Се надеваме дека таа, освен со експерименталните импровизации, би можела да ни гостува и со ваков репертоар.

28 ноември 2019 - 16:04