Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Како, макар и со задоцнување, пошироко да се промовира имиџот на професорите како реално трудољубиви, чесни и упатени, а да се нагласи аматеризмот и агресивното незнаење на оние кои сакаат да ги „зауздаат"? Aко не помагаат сложени таблици, формули, учени дискусии и отворени писма, можеби ќе помогне ова.

Една од работите кои нè секираат кога станува збор за професорската битка против новиот Закон за високо образование, е што вон академската фела нивниот проблем изгледа како да не наидува на големо разбирање. И не е ни чудо со толку трубење против „привилегираните" и „мрзливите" професори, кои од нив прави некаква разгалена елита која бара преку леб погача. Барем така реагираа деновиве таксисти, случајни луѓе во берберница, па дури и блиски пријатели кога деновиве се обидувавме да им го објасниме митот за импакт фактор-от, или концептот на автономија на универзитетот.

Епа, како навистина изгледа животот на просечните универзитетски наставници во Македонија, особено на помладите (според примери од државните универзитети)? Еве неколку gif-ови кои се надеваме ќе ви го доловат чувството.

Како замислуваш дека ќе изгледа твојот следен избор во повисоко звање

Кога ќе добиеш забелешки за текст што си го испратил во меѓународно списание 

Кога Универзитетот/факултетот ќе ти земе процент од странски проект

Кога ќе вложиш голем труд во подготвување некој предмет, а потоа сакаат да ти го земат

Кога по кој знае кој пат те опоменуваат „итно“ да внесеш податоци во некоја дата-база на Министерството за образование и наука, којашто воопшто не работи

Кога ќе си ги дадеш парите за да учествуваш на некоја меѓународна конференција, на којашто си отишол со свое возило, и си јадел само сува храна 

Кога ќе ти речат дека за тонер, тоалет хартија и џогер треба да чекаш на тендер

Кога на празник прегледуваш тестови

Кога по една година конечно ти го исплаќаат надоместокот за учество во комисии за дипломски, магистерски и докторски

Кога ќе најдеш странски колега со пристап до списанието кое ти е потребно

Кога некому му објаснуваш што е „импакт-фактор“

Кога некому му објаснуваш што е тоа „универзитетска автономија“

Кога ќе помислиш на пропаста на науката и образованието во Македонија

Кога, после сè, ќе се сетиш на своите студенти, и на тоа колку си ја сакаш работата

4 јануари 2015 - 17:49