Јапонскиот цар објавува научни статии и во осмата деценија

Можеби царските фамилии во денешниот свет се архаична институција, но освежува кога ќе се види дека луѓе со толку големи ресурси и привилегии ги користат истите за интелектуални цели, а не (само) за излежување по јахти и полнење на жолтиот печат.

На 30 април 2019 царот на Јапонија Акихито ќе абдицира и ќе му го предаде тронот на синот, принцот Нарухито.

Со што ќе ги исполни своите пензионерски денови? Веројатно со она што го прави цел живот: „таксономски истражувања на рибите од видот гоби“ - симпатични рипчиња со големи глави и плоснато тело, кои живеат и во слатки и во солени води. Акихито е член на јапонското ихтиолошко здружение со децении, и има објавено 30 статии во стручното списание на здружението помеѓу 1963 и 1989.

Царот останал активен научник во текот на целото негово царување, објавувајќи и статија од областа на историјата на науката во Nature под наслов „Лине и таксономијата во Јапонија“ во 2007. Во 2016 се појавил како прв автор во студија објавена во списанието Gene. Втор автор на овој текст е неговиот помлад син, принцот Фумихито, кој  во Оксфорд во текот на студиите најпрвин ги проучувал рибите, а потоа докторирал на птици. Тој денес е претедател на институт за орнитологија и на Јапонското здружение за зоолошки градини и аквариуми.

И ова е многу повеќе од начин аристократи да си го исполнатслободното време. Фумихито ја промовирал рибата тилапија во Тајланд како значаен извор на храна и им помогнал на тамошните научници да ја истражуваат. Братот на царот, пак, принцот Масахито е истражувач на ракот, кој исто така има објавувано во значајни списанија.

Чудни некои богаташи.

8 октомври 2018 - 12:20