Фотографот кој ги визуелизира различните верзии на својата смрт

Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.

„Многубројните тажни судбини на г-дин Толедано“ е серија фотографии и краток филм низ кои фотографот Филип Толедано, со помош на шминкери, лекари, „гледачи“ и астролози, се става во различни ситуации кои би можел да му ги донесе животот. Во некои од нив завршува како алкохоличар-бездомник, во други како бизнисмен уапсен заради криминални активности или како осамен старец во количка.

Проектот Толедано го започнал откако подолго време се грижел за татка си кој страдал од деменција. „Животот е полн со прави агли“, вели тој во филмот, „и има толку многу верзии што воопшто не можеш да ги предвидиш“.

Токму такво налго свртување му се случило на авторот во последните години пред снимањето на филмот - во краток период му умрело пола семејство, и тоа го фатило неподготвен. Одлучил дека на неговата сопствена смрт нема да ѝ го дозволи тој луксуз, односно дека преку проектот ќе ги проживее различните верзии на смрт, за некако да се навикне и на генералната мисла на стареење и умирање, и на барем неколку од можните варијанти.

Сепак, и покрај сета морничавост, има тука и смешни моменти. Како фотографија од циклусот на која тој е во канцеларија. И тоа е вид смрт за него, вели, бидејќи значи дека не успеал како уметник.

Ова е филмот (25 мин) кој се надеваме повеќе ќе ве инспирира отколку што ќе ве извади од памет

Претходно: Со која музика би сакале да ве испратат?

14 декември 2018 - 08:59