Добра финта на шпански издавачи: како да објавиш книга кога таа е забранета?

Витезот од Ла Манча се бореше против ветерници. А Здружението на книжари на Мадрид сега го користи 400 години старото дело на Сервантес за да го надмудри шпанскиот судски систем.

Книгата „Брашно“ (Fariña) на Начо Каретеро, која разоткрива детали за трговијата со наркотици во Галиција, била објавена во 2015. Но нејзината продажба минатиот месец е забранета, откако поранешниот градоначалник од оваа област, Хозе Алфредо Беа Гондар, почнал судски процес против Каретеро и неговиот издавач. Беа Гондар тужи за клевета, бидејќи во книгата експлицитно се споменува негово учество во нелегални активности.

Опишувајќи ја забраната на книгата како „анахрона и непропорционална мерка која има за цел уѓето да не ја прочитаат приказната“, Здружението на книжарите на Мадрид направиле сајт, Finding Fariña,, која употребува дигитални алатки за да пронајде и акцентира 80.000 зборови во текстот на „Дон Кихот“, и на тој начин да ја реконтруира содржината на „Брашно“. Така читателите иако со малку мака можат да ја прочитаат книгата и покрај забраната. А со оглед на тоа што книгата на Каретеро содржи зборови кои не постоеле во раниот 17 век, кога е напишан романот на Сервантес, тие се реконструираат слог по слог од други зборови во Дон Кихот.

Индикативниот наслов укажува на тоа дека се работи за трговија со кокаин, а Беа Гондар наводно бил дел од трговијата и преговорите помеѓу колумбискиот картел Кали и локалните продавачи. Најпрвин тој бил осуден од кривичен суд во Мадрид, но врховниот потоа ја отфрлил одлуката бидејќи еден од сведоците бил дисквалификуван. И сето ова е содржано во книгата на Каретеро.

„Има книги кои никогаш нема да можат да бидат замолчани...Затоа што никогаш не можат да се цензурираат правата на читателите. Ниту пак зборовите. А најмалку од сè, Дон Кихот“, изјавиле од Здружението.

22 март 2018 - 08:27