Дизајнерски предизвик - пријавете се!

Ако нешто се вика „задача", тогаш звучи тешко. Ако се вика „предизвик" звучи ко авантура. А пак ако е замислено и како игра, тогаш нема причина да не учествуваш.

Мима ја немав видено долго време, иако бев сигурна дека се занимава со интересни нешта, креирајќи накит и шетајќи низ светот. И бев во право - сега таа и нејзината пријателка Јана, обете веќе докажани дизајнерки, те повикуваат да учествуваш во креативна игра, во која:

1. Со однапред зададени необични материјали (можеби стара мрежа, кабел или игла), како и алатки кои тие самите ги користат при работата, ќе треба да создадеш парче накит што може да се носи;

2. Ќе учествуваш во изложба; и

3. Ќе добиеш паричен надоместок за учеството и можност за продавање на делото

Рокот е до 10 ноември, апликациите испраќајте ги тука, и гледајте самата пријава да е креативна, искрена и мотивирана. Не праќајте обични биографии, досадни се. Од пријавените ќе бидат одбрани седум луѓе, на кои ќе им биде даден истиот пакет материјали и неколку интересни правила, од кои сме сигурни дека ќе произлезат многу различни креации. Важно: не мора да имате никакво претходно искуство со дизајн, дури и уште подобро ако немате.

Уште не сте се пријавиле?

30 октомври 2015 - 08:50