10 години од смртта на Џони Кеш (12. септември 2003)

„Човекот кој не можеше да плаче“

ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА ПЛАЧЕ

Си беше еден човек
кој просто не можеше да плаче.
Немаше плачено со години и години -
ни бебиња убиени со напалм,
ни филмот Љубовна приказна
не можеа да му ги насолзат очите.
Како мал плачел, како и сите деца
ама во еден момент солзните канали му пресушиле.
Стана маж, му се случија срања
работите тргнаа на лошо, но тој солза не пушти.

Кучето му го прегазија, жена му го напушти,
го исфрлија и од работа.
Во војната загуби рака, eдна курва му се потсмеваше.
Ах, се уште ни шмркање ни јачење.

Романот му беше одбиен, филмот искритикуван,
а големото бродвејско шоу му беше фијаско.

Го ставија во затвор, погодивте, без кауција,
се уште ни лига ни капка.

Во затвор го тепаа, го малтретираа и газеа
го тераа да прави регистарски таблички.
Живееше на леб и вода,
но ниеднаш солза не пушти.

Викнаа доктори, викнаа научници
теолозите беа последни и практично најмалку потребни.

Сите се согласија: ова сигурно не беше некој пудинг од човек,
туку ѕвер нечувствителен.

Го преместија од затворот и го ставија на место за отапени и луди
Играше многу шах и се здружи со многу луѓе,
и плачеше секогаш кога врнеше.

Еднаш паѓаше дожд четириесет дена и ноќи,
а тој плачеше и плачеше и плачеше.

На четириесет и првиот, почина
просто дехидрира и си умре.

Отиде во рајот, си го најде кучето
и не само тоа, се спои и со раката,
долу сите критичари се премислија,
ракот ѝ го одзема шармот на курвата.

Бившата жена му умре од стрии,
неговиот поранешен шеф пропадна.
Теолозите конечно имаа работа.

Долу, најдолу на земјата,
старата затворска зграда изгоре,
а Земјата ја зафати долга суша.

Џони Кеш

12 септември 2013 - 20:55