Персона нон града

Тито и ја

Мамицата... Поминаа триесе и кусур години како мојот Дедо Маршал Тито пат под нога отиде да лови стаљињисти по шумама и горама, а ја никако да престанам да си го барам дедето назад. Ем го барам него, а ем и она што никој после него не го спозна како алатка за управување на широки народни маси. На никој не му текна дека територија, а и тоа во неа не се управува брзопотезно. На никој не му текна да поседува нешто што се вика трпение. Тоа беше на Тито браварскиот клуч што дваесе и два милиони срца отвара, а по потреба богами и затвора.

Кога јас бев дете, тој беше симпатичен дедо со пура во уста. Лепи дани мог детињства, ах. На тие денови се навраќам као на репете у градинка. Често и со јасни слики кои ги произведува мозокот како у плус фаза на класична параноја, почнувам да гледам ликови, да слушам гласови од детството кои ги памтам боље од таблица множење у трето. Пет по пет-дваес пет, арно ама, девет по седум, од три прашања, еден одговор е сигурна мацонка по глава.

Шпљас се добиваше редовно уз домашно, пошто ја слушам како од телевизор Кертинг у боја, искача од звучникот глас кој плете приказни за вечна соц-катарза. Таблица множење беше стварно услов за даље, ама ја и сега не мислам дека у животот нужно, два и два се секогаш четири. Учи Сандра, а не да ми ја слушаш Бранка Станковска како чита дека Стане Доланц остварил средба со властите на Покраина Војводина. Па добро бе, има ли смисла? Ја ли сум крива што сега стар а тогаш у цуту младости, уместо со нас да игра табланет дома, он секогаш беше у партија. Ја ли сум крива што како подарок од Конгрес Савеза Комуниста, друг тато ни носеше значки што ги чувавме у кутијата од на мама дипломата од УКИМ. Прво они ми го внесоа у живот системот на браварот што ги вртеше светските сили како ќе стигне, и со чекан и угреана пручка на двасе и два миљона народ им жигоса печат СКЈ-КПЈ на чело, па после, не седи пред телевизор, ај мрш у кревет пошто помина цртани у 07:10.

Па што ако бев дете? Па ја нејќам ли да гледам Дневник, а? Ме интересира бре што ќе каже Милка Планинц и Бранко Мамула што имаше уши како на мама шерпата за ајвар. Се разбирав што збореа, жими се. Уште од тогаш имав антена што фаќа и кога не е свртена да фаќа пет програми од еднаш. Па ја не бев дете како овие моиве дома, што сполај му на Бога, уште не знаат who is who. Нема ни да знаат. А и што ќе им е? Со косишта ишишани на кец, не им треба Тито и партија. Пари и најнов телефон им требаат бе...Стани бре Тито, дотерај ги у памет, ах...

Мамицата... Поминаа триесе и кусур години како мојот Дедо Маршал Тито пат под нога отиде да лови стаљињисти по шумама и горама, а ја никако да престанам да си го барам дедето назад. Ем го барам него, а ем и она што никој после него не го спозна како алатка за управување на широки народни маси. На никој не му текна дека територија, а и тоа во неа не се управува брзопотезно. На никој не му текна да поседува нешто што се вика трпение. Тоа беше на Тито браварскиот клуч што дваесе и два милиони срца отвара, а по потреба богами и затвора.

Го гледам на најновото видео што некој лик кој верува у Тито-партија го постирал на тубата неодамна. Последен дочек на Тито и Јованка далеке 1977. Иако видеото е постирано без тонски запис и наликује на глувонем филм, не му треба многу на човек во ликот на Маршалот да го види трпението кое се шири во салата преполна со топ ЈУ-естаблишмент. Тито у елемент, седи и посматра. Јованка се кревељи ко печена. Која препарирана птица беше тоа, ах. Овие идат нешто со тамбурица бенд, пицикато на уво тихо тише, па некои весељаци, говори, чуда-врази, а он со трпение на целиот свет, седи и држи под контрола. Ех море, Тито... После тој дочек, бел ден ти не виде.

Само чудно бе.. У консултација со сега веќе стариот, оној истиот што ми носеше значки од конгреси на КПЈ, дознав дека Јованка е тргната од неговиот живот после тој дочек. Опа-иха, ај ти Јованке два корака напред три корака назад, пу-пу не си више Прва Дама. Службите, тврди мој папе му наложиле да ја тргне секретарката Јованка пошто жената била троа анксиозна и непресметлива. Стварно била 32 години помлада од Тито, ама изгледа она на него му била ептен љубоморна па мало је скренула с памети, пошто Тито бил малкуцка слаб на жени и женски зној. А и добро што ја тргнале, барем си дочекал човекот смрт без некој да го јаде 24/7.

Едвај го чекам да дојде стариот и заедно да мезиме од видеото наречено наше златно минато. Киро Глигоров е таму. Со тоа и причина плус да бидеме горди на такви дамнешни дешавки. И по Тито, сепак пак он. За коминтерната Валтер, а за мене бог и батина.

П.С

Влегувам у банка оној ден. Го потрефив денот кога се делеа пензии. Тежок зајеб, ама... И таму негде у ќош седи стар дедо. И се ќе беше така исто како и секој ден, да дедото на лево раме немаше закачено три значки. Слика од Тито у свечена униформа у боја, Ѕвезда КПЈ-СКЈ и Гоце Делчев у златна верзија. Give me five, old man. Као нејќам да седнам, а ја баш таму се сместив да чекам ред ко за леб и млеко што ме праќаше мадер триесе години уназад. Уште некоја година, и тие генерации што го градеа ова во што уживам јас, ќе ги снема. Седи додека можеш, ќути и трпение-спасение, говореше другарот Тито


10 февруари 2013 - 23:02