За македонцките свињарии

Океј, помина ракометот (длабока воздишка) и откако некаде на почетокот на второто полувреме со Германците стана јасно дека овој пат нема да го освоиме светот  (бајкалски длабока воздишка и залутан поглед) абе душата ко на задна вуча низ снег да ми се влечкаше од мака, ама се посветив на разработка на планот како да си ја материјализираме Aлександровата оставштина од типот „нека ви се нозе стресат, дојдовме по нашето" на наредниот Мундијал, во било кој спорт. Но пред тоа да се договориме нешто...

Кире Лазаров: 10% талент, 20% работа и 70% вода. Шундо: 100% гола вода“ - Џими Хендрикс

Нормално, после „епохалниот" неуспех на ракометарите кои на ЕП во Србија беа петтопласирани, а на СП јавноста отприлика очекуваше барем 3-4 места подобар пласман, откако стратешки ги скривме сите адути шо ги имавме за Мундијалот од светлото на рефлекторите на Олимписките квалификации, следит лепење на црна панделка во долен десен екран на телевизор, која едино итно би била тргната вон стандардниот рок од три дена жалостија ако баш во тој ќош имат секундарник за еден долгоочекувана пеливанска политичка ферка на ТВ. Ама, за црната хроника друг пат, денес муабетиме за спортот.

Значит, пошо горе долу знајме да играме, не сме боси (и буквално и преносно, јес) и со апсолвираната потреба за малку подобра физичка спрема, можам да заклучам дека нас очајно ни требит подобар План за игра.

ПОДОБАР ОД ОВАЈ

 

Ако немаме асален селектор (да се разбериме, и ова е скроз можна опција) имаме ама скроз асални интернет коментатори и полуостручени патриоти (фала, и мене бројте ме тука – си имам магичен нотес кој знајт доста тајни на спортската стратегија). Обавезно во дел од опремата која ќе си ја носиме на некое континентално или интерконтинентално такмичење да имат еден фејсбукер и еден твитерџија опремени со ултрабрз интернет кои шо ќе имет задача за време на натпреварот на селекторот да му ги кажвет сите мудри коректни позитивни забелешки од публиката како тој би можел на тајм-аут да имат шо да им кажит на играчите а немат да е толку тешко за реализација како „работајте, работајте" или „да се клај гол". То можит да е некоја нова формација, одбрана, предлог за измена или крај краева еден убав виц да се расположет и насмеет нашите јунаци и по паузата весело со животна радост да им влезет по тиква на противниците на теренот, понесени од добрата атмосфера на тајм-аутот.

Е сега, за да не испаднит дека целата стратегија ќе ојт на сметка на т.н. сеирџии кои можеби често и се онаа неблагодарна публика на која шо тешко мојш да ѝ погодиш нешто, а не ретко и рака на срце „коректор" на одредени случувања преку /обид за/ хумор во недостаток на моќ, механизми или начин за воочување на одредени проблеми пред суетата на засегнатите кои имаат одлучувачка моќ – тука си ги имаме и „коректори на коректорите" кои најчесто се толку досадни шо е досадно и чоек да пишит за нив. Ама, шо да прам ко сум професионалец.

Станвит збор за дежурните коментатори со сите свои две до три реченици од „Прирачникот за брзи интервенции кога некој не е во право на интернет“. За првите (конструктивните сеирџии), секој кикс на селекторот на тајм-аут е супер повод за добар статус на фејс или твит кој шо ќе соберит внимание од публиката и ќе ги презентират како интелигентни интересни битија, но само на прв поглед зад кој се кријат суштинската желба за промена на работите. За вторите кои репрезентацијата (читај: ДРЖАВАТА бе!) би ја оставиле на цедило и на немилост на моменталната неинспирираност на одговорните на теренот, секој коментар на првите е супер повод за пласман на една од следните мудри мисли:

Дума 1:
„Ееееј, македонче, значит шо ти е проклетија, самите себеси ќе си се погазиме, едвај чекаме да се прајме паметни. Оди бе ти глуп еден, оди ак знајш поубо од нив, играј ти и победи, ебати паметниот. Затоа немаме држава!".

Пази лебати. Значит, прво, ти шо пишиш „македонче" од старт си тро згрешен во подесувањата во контрол панел. Станвит збор за гаден вирус на БИОС-от кој шо се вадит... ај да речиме дека не знам како. Второ, молимте не биди глуп. Трето, ако се препозна во погорниве редој, веројатно си во право, најверојатно немаш смисол за хумор (степен за развитокот на едно општество, посебно ко ќе е на свој рачун*) шо е доволна причина за себенаштетување од типот „Не прај си ништо, доволно е шо си таков“. Четврто, стварно не биди глуп, дај молимте. Петто, имаш апсолутно демократско право да го кажиш своето мислење по однос на нечие туѓо кое шо ако е неконкретно т.е. смешен обид за емоционално допирање на „крутите сензационалисти вонаби хроничарчиња на интернет времето", ќе бидит третирано на ист начин, најдемократски пласирано онаму кај што зората угревјат едино ак се капиш гол во некое езеро насабајлечки.

*„Можда ми е мал, ама зато ми е мек ко душа!" – вака изгледат хумор на своја сметка. Ако ти е смешно, копи-пејст на ова и прати го по СМС на сите контакти од телефонот, нек видет дек си душа чоек.

Дума 2:
„Еве ги бе, еве ги експертите, се јавија! Абе да сте ми при рака... глупави едни. Мислите дека знаете како треба, а? Не знаете бе ништо, а се правите паметни. Ете, затоа пропаѓа оваа држава, пошо секој се прави дека знае се. Ми се гади од вас, идиоти едни!"

Дозволи да бидам магаре и да одговорам на прашањето со едно контра-прашање: Дали ти сакаш 35 сантимски мандинго од позади, и ако не, зошто кога не си пробала? (требаше ли и „пробал“ да го стам ко опција, дан ми се наљутит некој? :( ) Хм. Ај похипички. (хи хи, каков збор) Дали смејт да ти се свиѓат Саша Греј, иако никогаш не си била порно глумица? (ко да осеќам пак дека сексистички ја грешам негде работата...) Океј, вака: дали е во ред да кажиш: „Леле ама е добар „Fight Club", ептен ми се свиѓат филмот" ако во живот не си допрел филмска лента, не пак камера, сценарио или квака од филмско студио? Смејш ли да имаш став за квалитетот на шкембе чорбата шо ја сркаш од сабајле, иако никогаш сам не си праел чорба? Дали, јуначе, Бугати Вејрон е добра кола и ако да, од кај знаеш бе, кога освен менување на брзини, ни уље ни гума знаеш да промениш на кола, а не па да ја направиш, посебно шо Бугатито 99,9% од нас сме го виделе само на слика? Да, така? Епа исто е.

Дума 3:
„Јас сум мала пичкица, клекни пред мене и покори и се на мојата пичковидна великост, баци ми нозе и не мијај заби 4 дена"

Добро, можеби мааалку ја парафразирав третата стандардна фраза која ја слушам при вакви не-прилики, ама ју гет д поинт.

ВАКА ИЗГЛЕАТ АРГУМЕНТ ПЛАСИРАН ОД ДРВАЧИ ОД ТИПОТ „ТУКУШТОСПОМЕНАТИТЕ“

 

Хуморот е здрав. Слободата на говор и критика е добредојдена. Самокритиката повеќе од сè друго. Ако јас не сум самокритичен дека некогаш знам да го отупам во занесот во кој ме вовлекол некој момент, никогаш немат да знам да си поставам лична скала на вредности по која шо ќе си ја ценам зрелоста, напредокот во мислата, истрајноста, издржаноста на ставовите. Или дека едноставно го тегнам локумот и требит да олабавам малку. Ако ти низ самокритика не пронајдиш кои шавови на ценетото ти мислење попуштиле пред оправданоста на туѓиот став, стално ќе си - тенеќе. Ако РФМ, ОФМ, ФФМ, КФМ, пак КФМ (ова К ми е за Карлинг, сакам и таква федерација) топтан со спортистите, стручните штабој, лекари, пекари, апотекари хајневетери и ебиветари, во државен дрес дотерани, не седнет да се опулет во очи и искрено да си кажет шо им ја мачит душичката, колку е сатот и кој е есапот, па да видиме кај сме и да напрајме една бела книга за да не чекаме мошти на великан од пред 3.000 години за да ја активираме пак Триумфалната ни капија, ќе се шетаме ко за греота со автобуфчиња до аеродроми во туѓи земји и ќе летаме по 10-20 саати до Севиља како да одиме за Аљаска, како екскурзијанти однапред осудени на Голгота, наместо како сериозни конкуренти кои шо ќе се не третирани како „банда свињи" туку респектирани како „Господа свињи шо ќе ти ебет матер на терен нареден пат ко ќе ги потцениш".

А до тој ден, гласот на народот не смејт да бидит занемарен, освен ако не станит збор за делот од народот за кој се сложивме дека е тотално неконструктивен и не ѝ мислит спортско добро на Земјата. Пази, истите тие кои ќе те обвинат дека „се правиш паметен сезнајко, а везе немаш" , секој ден ти пласираат по некоја своја филозофија, освен ако не се од реткиот вид кој освен шо имат желба на сите да им кажвит шо не чинит и шо не требит да се прајт, немат ама баш никаква функција во вашиот преглед на реалноста низ мониторот - во кој гледате и сега (илити по нашки „Ни на лајкување се радува, ни на блокирање плаче").

КОМШИИТЕ НИ ОД ИСТОК ИМААТ ЕДНА ФИНА ПЕСНА ПО ТЕМАВА...

 

Борете се за правото на сопствено мислење, дури и кога ви кажуваат дека е погрешно. Оној кој знае само да критикува форма, а не и функција, не знае ништо. Македонија нè заслужува нас, социјално ангажираните загрижени граѓани, како што ние си ја заслужуваме неа: подобра, поспремна, попаметна, понапредна секој ден, во секој поглед. Најуба, со која шо никој немат да се заебават.

И пред да речиш „КЛАЈ ГОЛ“, Светот ќе е на колена, спремен...

НАПРЕД НАШИ!

Патриотски рецепти за спортски успех праќајте на betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT 

22 јануари 2013 - 01:11