Offside

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Соиграч на Јокиќ откри како Никола ги спрема за плејоф

Шампионот Денвер Нагетс во недела го очекува првиот натпревар од плејофот против ЛА Лејкерс. Минатата сезона Денвер го совлада Лејкерс со 4-0 во серијата но сите четири меча беа тесни и далеку од лесни за Јокиќ и другарите. Никола ги собрал соиграчите дома кај него пред некоја вечер.

Курнас атанас кој скапо чини

Ливерпул изгуби дома 0:3 од Аталанта во првиот меч од четвртфинале на Лига Европа па на реваншот оствари пирова победа од 0-1 и испадна од Европа. Пред првиот натпревар еден од двајцата коментатори во преносот бил и некогашниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул и Реал Стив Мекманаман.

Кога Жозе Мурињо го избркал Швајнташјгер од првиот тим

Престојот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед се поклопи со сивата атмосфера во клубот кога немало многу поводи за радост. Една епизода од тоа време раскажува и светскиот шампион со Германија Бастијан Швајнштајгер. Мурињо и извршниот директор Џон Муртох му забраниле да влезе во соблекувална.

Баер Леверкузен: 44

Баер Леверкузен и Чаби Алонсо на секој натпревар се надминуваат себе си. Остварија нов импресивен рекорд, до сега невиден во топ 5 лигите во Европа и ја продолжуваат битката кон тројната круна.

Серија А и Бундеслига со по три екипи во европските полуфиналиња, Премиер лига со Астон Вила

Италија и официјално доби 5 места во Лига на шампиони, пошто Премиер лига е најјака, а Италијаните нели се секогаш тапа по дифолт. Инаку во игра се и за 6-то место за следната сезона. Ви викаме дека глупа ви е дебатата и непотребна.

Чудниот договор на Јапонецот Камада со Лацио

Најпознатиот новинар од Италија, Фабрицио Романо кој на Твитер има преку 20 милиони следбеници, откри еден чуден детал од договорот меѓу Даичи Камада и Лацио. Доказ за неспособноста во управата на италијанскиот клуб.

Како Анри и Карагер ја видоа дефанзивната тактика на Реал Мадрид

Актуелниот европски првак удри тотален напаѓачки јуриш кон кралот на Европа со 14 титули, но сепак дуплата 57-ца на Карло Анчелоти го победи концептот на Пеп.

Чаби знае да поведе и песна

Навивачите на новиот германски шампион Баер Леверкузен го обожаваат Шпанецот кој се покажа како прав лидер за време на прославата на шампионската титула - прва во историјата на клубот.

Кој игра спортска нека бега подалеку од Мика Ричардс

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс пред неколку дена ја прогнозираа разврската во Лига на шампиони. Шмајхел го погоди едното полуфинале, а Мика Ричардс подобро да не се навлекува на кладилници.

Чави за цела играчка кариера добил само 2 црвени а како тренер само сезонава 3

Чави искрено зборува речиси на секоја прес-конференција. Откако стана тренер на Барселона и тоа во тежок период по клубот во пост-Месиева ера, успеа уште во прва сезона да им донесе шампионска титула и добро да тераат во Лига на шампиони. Ама сам призна дека му е пеколно тешко да работи под огромен притисок и стрес кои му го прават медиумите и јавноста.

Андреј Лунин - супер херојот на Реал Мадрид

Украинскиот репрезентативен голман е играч на мечот Манчестер Сити - Реал Мадрид кој заврши со славје на „кралевите“ по триумфот на пенали. Лунин имаше осум одбрани во регуларно време и два одбранети пенали.

Ладнокрвноста на војникот на Реал

Лукас Васкез е еден од оние фудбалери кои дискретно вршат голема работа и се во служба на тимот. Тој има 32 години, во Реал Мадрид е уште од 2007-ма. Има освоени 4 пехари во Лига на шампиони, 3 титули во шпанска Ла Лига, 1 Куп, 3 Супер Купа на Уефа и три ФИФА Светски клупски првенства. Во финалето на ЛШ 2016 ладнокрвно изведе пенал, а така беше и синоќа во рулетот со Сити.

Само играчишта како Кавани ја земаат вака на прва

Единсон Кавани игра како во транс и има 8 гола на последните 8 меча за Бока Јуниорс. Напаѓач кој отсекогаш го имал оној убиствен инстинкт за гол. Овој пат му донесе триумф на својот тим против Годој Круз, откако ја плесна на прва, без размислување. Кој би рекол дека има 37 години?

На што размислувал Анчелоти за време на пеналите?

Дон Карло е најјак со изјавата после пласманот на Реал во полуфинале. На прашањето што размислувал за време на пеналите, најпросто и едноставно вели вака: „Па не знам на што мислев, не се сеќавам. Се надевав дека ние ќе дадеме гол, а тие ќе промашат“. Цар.

Реакцијата на рускиот коментатор за пеналот на Бернандо Силва

Изгледа за Манчестер Јунајтед навива коментаторов или па можеби е за Реал.

Спринтот со кој Кајл Вокер го изеде Винисиус

Бразилецот од Реал Мадрид важи за еден од најбрзите фудбалери со топка и без топка на денешницата. Ама никој и никаде не го чува како што тоа го прави капитенот на Манчестер Сити Кајл Вокер. Не му дава да мрдне.

Бурното славје на Реал Мадрид по последниот пенал

Дваесет и пет годишниот украински голман Андреј Лунин бранеше сјајно и успеа да го однесе Реал Мадрид со 1:1 во продолженија а потоа на пенали бранеше уште подобро. Решавачкиот пенал го изведе Антонио Ридигер кој погоди за победа и големо славје.

Пенал рулетот за Реал Мадрид, Баерн ја спасува сезоната со ново полуфинале

По спектакуларниот огномет минатата недела, вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Сити и Реал одиграа потврд натпревар со само два гола, па следуваа продолженија и сурови пенали. Баерн Минхен по ремито во Лондон 2:2, вечерва го доби реваншот на свој терен и славеше 1:0 против Арсенал за ново полуфинале во Лига на шампиони со кое некако ја вади сезоната во финишот.

Фото на денот

Петмината кои го создадоа или го усовршија мозокот кој ја испиша најубавата фудбалска приказна за оваа сезона и една од најубавите воопшто.

Гужва пред јужна

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.

Како помина последниот дуел на Сити и Реал на „Етихад“ лани?

Манчестер Сити и Реал Мадрид се сретнале 11 пати низ историјата во еврокупови. Сити има 4 триумфи, 4 меча завршиле нерешено а Реал славел 3 пати. „Кралевите“ минатата година во полуфинале поминаа како „боси низ трње“ и изгубија 4-0 на реваншот откако првиот меч заврши 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“. Во големото финале подоцна Сити со 1-0 го победи Интер и ја освои првата шампионска титула во Лига на шампиони. Реал има 14.

Нападот на Вембли

Нетфликс растури со спортски документарци. На 8 мај во етер ќе го пуштат „Attack on Wembley“ кој се однесува на хаосот кој фрли дамка на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија кое се одигра на 11 јули 2021-ва. Тоа беше прво финале за Англичаните по 1966-та и прва вистинска надеж за европска титула после светската. Но на Вембли се случија непосакувани сцени откако околу 6.000 навивачи се обидоа насилно да влезат на стадион без карти.