Offside

Стартува Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Македонија ќе ја претставуваат рекордни 181 спортисти во сите спортови.

Историска фудбалска ноќ во Скопје, Македонија за прв пат ќе игра бараж за Светско

Само една година откако го завери историското учество на ЕП, македонската фудбалска репрезентација покажа дека може уште и се доближи на 180 минути до Катар 2022. Браво момци, ова се најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето.

Ерупција на Градски, Алиоски го торпедираше Исланд по само 7 минути

Феноменален старт на Македонија во последното квалификациско коло за Мундијалот во Катар, која тргна веднаш на јуриш кон голот на Исланд. Уште во првиот бран офанзива, Трајковски му подари мајсторска асистенција на Џани Алиоски, а овој реагираше како врвен голгетер за делириум на трибините.

Руски начин на мотивирање на тимот

Методот е на Леонид Слуцки од Рубин Казан, кој смета дека тренингот во зима може да биде нешто слично како во школо кога се оди на голем одмор.

Голем гест на Кристијано Роналдо со мало девојче на сред терен во Ирска

Можеби помалку очекувано, Република Ирска се покажа како тврд орев на „Авива“ стадионот во Даблин и ја задржа моќната Португалија на 0:0 во квалификацискаа група. Ова не ги смени драстично работите во оваа група.

Романскиот новинар кој ја прогнозираше Романија - Исланд 72:0

Емануел Рошу е фриленсер кој работи за медиуми како Guardian, FourFourTwo, World Soccer. Веројатно не му даваат да пишува на теми поврзани со спортска прогноза, а другарите бегаат од него кога ќе го видат во квадилница. Нека се прешалта на кошарка подобро.

Незаборавниот 12 ноември, датум кој ќе остане во аналите на македонскиот фудбал

Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.

Што ја чека Македонија во баражот за СП Катар 2022 ако го победи Исланд?

Македонската фудбалска репрезентација не била никогаш поблиску до Светско, иако сепак прерано е за кревање еуфорија дека сме блиску до Катар. Со победа во недела следува најтешкото. Замислете, селекции како Италија, Шпанија, Португалија и Холандија кои се први, сè уште немаат заверено пласман.

Каков натпревар ја чека Македонија во дуел со непознатиот и незгоден Исланд?

Вечерта на 7. декември 2020-та во Цирих се влечеше ждрепка за квалификациските групи за Светско првенство, Даниеле Де Роси и Рафаел Ван дер Варт ги извлекуваа куглите со репрезентации. Кога го извадија Исланд во нашата група, реакцијата кај нас беше дека они со Германија и Романија ќе ни бидат најтешки ривали.

Ново тегнење во НБА, малку фалеше за големата

Откако Никола Јокиќ и Маркиф Морис направија голема гужва на мечот Мајами - Денвер, синоќа во НБА изби нов инцидент. Се фатија Руди Гобер од Јута Џез и Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс. Соиграчите беа на другиот крај од паркетот па не испратија што се случи, ама веднаш влетаа да ги раздвојат. Во гужвата се вклучија уште и Донован Мичел и Џо Инглс па на крајот исклучени беа сите четворица.

До кога Нејмар ќе биде бела мечка кај судиите?

Бразилскиот фудбалер речиси секој натпревар „оправа криви Дрини“ со судиите кои многу ретко посегнуваат по картони кога он е во прашање. На средбата Бразил - Колумбија синоќа во рамки од квалификациите за Светско првенство 2022, Нејмар му се внесе во лице и со гради го потбутна главниот судија Роберто Тобар ама помина неказнето. За овој потег секаде и секогаш судиите вадат најмалку жолт картон.

Голчиштето број 1 во квалификациите го постигна Луксембург

Жерсон Родригез од Троја е јунакот меѓу синоќешните стрелци во мундијалските квалификации. Луксембург славеше 1:3 на гостувањето против Азербејџан, а тој изрежира велемајсторија за најавните шпици.

Кога ќе добиеш овации од цел стадион што си го понижил Роналдо

Португалија направи голем кикс во борбата за директен пласман на Мундијалот откако одигра само 0:0 на гостувањето против Република Ирска, која е претпоследна во група. Шеин Дафи од Брајтон има дуел против Роналдо за кој денеска ќе се фали по другари. Урнебес е на Твитер. Еден пишал дека направил освртување во стилот на Јохан Кројф.

Фудбалер на Лихтенштајн му влезе на Горецка како прв пат да игра фудбал

Германија - Лихтенштајн 9:0, очекуван резултат, ама неочекуван неартикулиран потег на еден од гостинските фудбалери кој мислиш во УФЦ борба влегува, а не на квалификациски меч за Светско. Добро што не го уби.

Романија киксираше, Македонија е на една победа до бараж за Светското во Катар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва добива уште поголема причина за да биде посреќна за триумфот над Ерменија, кој сега станува многу повреден, откако Романија не успеа да го совлада Исланд.

Македонија супериорна во Ереван, убедлива победа против Ерменија

Во претпоследното коло од квалификациите за Светско првенство 2022 во Катар, Македонија вечерва убедливо со 0-5 (0-2) ја прегази Ерменија.

Маестралниот гол на капитенот Барди

Македонската фудбалска репрезентација на полувреме има комфорно водство од 0-2. По фантастичниот продор на Ашковски кога Алекс Трајковски реализираше за водство во 22’ минута, Енис Барди на асистенција на Елиф Елмас со снајперски прецизен шут стрелаше за 0-2 во 36’ минута.

Сјајниот продор на Ашковски и голот на Трајковски за водство

Македонската фудбалска репрезентација отвори офанзивно вечерва во Ереван и заслужено после неколку зрели шанси дојде до водство. Стефан Ашковски, 29-годишниот фудбалер кој ретко добиваше шанса во националниот дрес, направи дар-мар по десната страна, издрибла неколку ерменски дефанзивци и маестрално асистираше до Алекс Трајковски кој рутински погоди за 0-1.

Бразилски драмски театар, ново ниво на глума

Сантос со 2-0 го победи Брагантино во најдобрата бразилска Серија А и успеа да се одлепи од опасната зона на испаѓање во втора лига. Првиот гол на мечот го даде Марињо кој во еден момент покажа и сериозен талент за глума.

Њуелс Олд Бојс објави видео од првото интервју на Меси како мал

Првите чекори во фудбалот магичниот Аргентинец ги направил во родниот клуб Њуелс Олд Бојс. Дошол во овој клуб на шест години и постигнал 234 гола на 176 меча во младинските категории. Во 2000-та Барселона го приметила 13-годишниот Лео и на совет на ловец на таленти го повикала во Каталонија. Другото е историја.

Ноќ на безобразни забивања во НБА

Она што изминатата вечер се случуваше во НБА, ретко се гледа дури и во најдобрата лига на светот. Здивеа многу играчи кои куцаа како да е Суден ден.

Тренерот на Келн се појави на тренинг облечен како еднорог

Да не знае човек за што се работи, ќе помисли дека тренерот на Келн, Штефен Баумгарт се шлакнал во паметот. А човекот како и цел тим само решиле да ја испочитуваат сезоната на карневали, која веќе е почната во градот.