Offside

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Емотивно збогување на Солскјер со навивачите на Манчестер

По стаж од три години, Оле Гунар Солскјер се разделува со Манчестер Јунајтед. Клуб во кој освои 12 трофеи како играч, но нула како тренер. Најголемиот успех му беше второ место во Премиер лига и финале во Лига Европа.

Нов прекин во Франција, верувале или не, пак со Марсеј и Паје

По којзнае кој пат сезонава, во француската Лига 1 дојде до нереди и до целосен прекин на меч. Во францускиот фудбал никогаш немало сезона со толку прекини, а уште не се ни до пола со одиграни кола.

Џокер на Рома роден 2003-та, ја реши Џенова со два комада и си доби чевли од Мурињо вредни 800 евра

Андриј Шевченко дебитираше на клупата на Џенова, а капитенската лента му ја даде на Горан Пандев. Но шоуто им го украде анонимус од Гана по име Феликс Афена Гјан кој има само 18 години.

Леброн Џејмс спаси жива глава, Стјуарт сакаше да го линчува

Старите ривали Детроит и ЛА Лејкерс некогаш водеа битки во легендарната „Palace of Auburn Hills“, а синоќа во „Little Caesars Arena“ играчи од двата тима направија голема тепачка.

Марко Ливаја даде гол па се степа со навивач на Ријека

Едно од надраматичните дерби соочувања викендов беше јадранското, каде паднаа 5 гола, ќотек, пресврт во 98-ма минута, влетување на навивачи на терен, фрлање факели, пресметка на трибини.

Две голчишта на Наполи и прв пораз во Серија А

Покрај Милан, прв пораз во 13. коло од Серија А бележи и Наполи. Овие две екипи се и натаму на делба на првата и втората позиција, но Интер вечерва им се доближи на -4, откако ги совлада Наполитанците со 3:2. Елмас влезе во 75 минута. Две 100% шанси испуштија избраниците на Спалети во судиското продолжение.

Канте е тоа, внимавај колено да не исчашиш

Челси го совлада Лестер на гости со 0:3, а Вилфред Ндиди освен на колената, се жалел и на вртоглавица откако се обидел да му ја земе на Канте.

Шампионски автогол на деценијата

Во Италија, четврта лига падна автогол по кој на несреќникот еден месец нема да му се излегува од дома. Фантазија од потег кој нема начин како да се надмине.

Како изгледа блокада од највисокиот играч во НБА Тако Фол

Голден Стејт Вориорс продолжува да меле и благодарение на чудесниот Стеф Кари има учинок 13-2 од старт на новата сезона. Ако лани беа убедливо најслаби во лигата по многу параметри, сега „воините“ неочекувано растураат. Го совладаа синоќа Кливленд 104-89 а мечот донесе и една јака банана на 25-годишниот Сенегалец Тако Фол кој од 27 септември игра за Кавалирс.

Што ви е секогаш крив судијата?

Уште 100 години да нафрла нема да му успее ова. Легендата вели дека после овој натпревар, судијата барал да биде ангажиран само во ВАР собата.

Мурињо одби трофеј и избега со кола

Таканаречениот „Златен тапир“ кој го доделува познатата хумористична емисија „Striscia La Notizia“ како „признание“ на тие што ќе разочараат, дојде ден да го прими Жозе поради петте порази на Рома по првите 12 кола во Серија А. Но Португалец го одби лузерскиот трофеј и им одговори дека не сака да му доаѓаат дома.

Снимај брат, сега ќе дадеме гол

На радоста на головите на Македонија им нема крај. Порано гол не можевме да дадеме, а сега тие станаа рутина и вредат историја. Најслатко е кога ќе фатиш некој со телефон, како овој на Елмас против Исланд за 2:1, за делириум во друштво, на трибина и на цел стадион.

Голманката на женската репрезентација на Иран за која тврдат дека е маж и се крие

Веќе неколку дена светските медиуми по вревата која што ја кренаа од фудбалскиот сојуз на Јордан, пишуваат за голманката на репрезентацијата на Иран, Зохре Кудаеи.

Легендата за новиот македонски јунак: Дијамант брусен во слаткарница

Најважно е што тој гордо и со емоции ја пее химната, а кога игра за Македонија го дава последниот атом на сила. Една мала анегдота: Елиф знае да ги прави најдобрите тулумби и колачи. Барем така велат неговите соседи. Да не беше фудбалер, сигурно и тој ќе беше слаткар.

30 години од танцот на Дејан Савичевиќ на „Олд Трафорд“ против Манчестер

На денешен ден, 19 ноември во 1991 година на култниот стадион во Манчестер се одигра 17. издание на Супер Купот на УЕФА (во тој момент наречен Суперкуп на Европа). Се играше како и сега, еден меч меѓу победникот на Купот на европски шампиони (денес ЛШ) и победникот на Куп на победници на Купови (денес Лига Европа).

Капитенот Ристовски го пецна Бруно Фернандеш од Манчестер

Заслужено, Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента од легендата Горан Пандев. Рики е прав лидер, како на терен, така и надвор од него, секогаш спремен да се бори до крајни граници. Сега пред него и Македонија се големи предизвици: ждрепка за бараж, полуфинале и посакуваме големо финале за пласман на Светско.

Јокиќ како обезбедување, го смируваше тренерот да не се степа

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 30 поени (7/13 за два, 3/4 за три и 7/9 слободни фрлања) со 7 асистенции и 1 блокада. Но неговиот Денвер Нагетс на крајот изгуби убедливо со 103:89 од Филаделфија. Мечот го одбележи инцидентот кој го направи тренерот на Нагетс Мајк Мелоун кој после шест минути игра во трета четвртина беше исклучен поради приговор.

Историски момент за ракометот, Тимур Дибиров стигна до 1.000 голови во ЛШ

Легендарниот Русин кој и на 38 години упорно гине за дресот на Вардар, стана четвртиот играч во историјата кој успеа да стигне до големиот јубилеј. Другите тројца кои го имаат остварено овој подвиг се Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.

Изумителите на спрејот кој исчезнува бараат пари од ФИФА, ФИФА се прави неука

Исчезнувачкиот спреј во светскиот фудбал се појави за првпат во 2014-та година за време на Светското првенство во Бразил и беше прав хит, како за гледачите, така и за судиите и за играчите.

Данокот кој го плаќаат клубовите од турбо репрезентативниот фудбал

Убаво ни доаѓаат мундијалските квалификации за промена од клупски фудбал, ама сега прашајте ги тренерите како им е, особено во поголемите клубови кои се полни со репрезентативци. Од згуснатиот распоред кај играчите доаѓа до разни болки од удари, модринки и пред сè до проблеми со истегнати мускули.

Тројка во НБА каква што не се гаѓа ни на тренинг

Мајами Хит очекувано лесно го совлада ослабениот Њу Орлеанс Пеликанс со 113:98. Ова е петти триумф на 10 меча за Мајами сезонава. Џими Батлер одново беше најдобар поединец со трипл-дабл од 31 кош, 10 скока и 10 асистенции. Имаше голема поддршка од Тајлер Хиро кој уфрли 19 поени од кои три тројки а една од тие не беше планирана за тројка.

За бабава да се најде место на Светското во Катар

Плус е со футстан и на штикла во домашен амбиент. Кој знае што прави во опрема на терен. Постои женска верзија на Роналдињо. Оваа е таа.

Тајсон лекот „го нашол“ во отровната жаба од Мексико

Челичниот Мајк на една конференција за психоделични супстанци во Мајами раскажал поединости од неговото минато и пак отворил душа за психотропните супстанци кои ги користел. Овојпат открива какво искуство имал од таканаречената „отровна жаба“.

Махер на колото кој со 20 денари им лапна милион

Сите 7 квалификациски парови во вторникот беа нерешено на полувреме. Царов од Кавадарци одбрал 5 и ги фатил полувреме/крај и тоа со се голови. Само на последниот пар не го бркал првото полувреме.