Offside

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Сите комбинаторики за Милан или Атлетико Мадрид да стигне до осминафинале

Само Б групата од синоќешните четири ќе добие разврска во последното коло од ЛШ. Таму Ливерпул е сигурен патник, а битка за втората позиција ќе бијат сите останати екипи. Многу е тесно и неизвесно.

Леброн глуми шериф, дури и реши кои гледачи да бидат избркани од сала

Капитенот на Лејкерс и најдоминантна фигура во НБА лигата во последните 15 години, има толку големо влијание што буквално прави што сака по паркетите. Откако по тепачката што лично тој ја предизвика кога силно го удри Ајзеа Стјуарт и му го раскрвари лицето, НБА лигата го казни Леброн со само 1 меч а Томас со 2 дуели суспензија. Сега Брон глумеше шериф во Индијана.

Хит видео со две деца кои влегоа на терен на Енфилд Роуд

Ова во Англија е реткост, бидејќи тој што прескокнува ограда, свесен е дека после само во паб може да гледа фудбал. Ваков случај пак со мали деца, речиси и да немало до сега. Целта им беше да си одат дома и да се фалат по другари со топка од ЛШ. Крајот е пожртвувачки.

Клоп во жестока дискусија со новинар зошто рекол мал турнир во Африка

Ливерпул е немилосрден и меле во Лига на шампиони. Дури и во ситуација кога се пласирани понатаму во следна фаза, играат со речиси прв тим и најголемите ѕвезди Салах и Мане. Синоќа го добија Порто со 2:0. И сè беше добро по Клоп до прес-конференцијата после мечот.

Многу јако издание на новата епизода Shaqtin' A Fool!

Шек и неделава имаше еден куп смешни моменти по НБА паркетите и успеа да ги извади најдобрите и да ги стави во својата емисија „Шектин а Фул“. Број еден смешен момент имаше овосезонскиот лидер на ЛА Лејкерс, Расел Вестбрук.

Шајката на Алкантара и мајсторскиот гол на Салах кој го седна противникот на газ

23 гола паднаа синоќа во Лига на шампиони, а за издвојување се двата од Енфилд Роуд, каде Ливерпул и пласиран го доби Порто. Тијаго Алкантара и Мохамед Салах приредија шоу за навивачите.

Холандски коментатор со луд коментар за Домагој Вида

Во претпоследното, петто коло од групната фаза на Лига на шампиони Ајакс со пресврт 1-2 славеше во Истанбул против Бешикташ и има 100% учинок со сите 5 победи во групата.

Навивачкиот хор на Флуминенсе e нешто посебно

Флуминенсе го совлада Интернационал со 1:0, доволна победа за по кој знае кој пат да ја чуеме онаа препознатлива јужноамериканска страст за фудбал. Ова го нема во Лига на шампиони.

Јунакот на Милан кој го сруши Атлетико, на 25 години играл за годишна плата од 1.500 евра

Се вика Жуниор, како и еден куп Бразилци, а се превиза Месиас. Интересно презиме, особено ако ги прочитате одвоено првите четири и последните две букви. Каква бајка му се случува во животот. Па зарем успеал да склопи око синоќа?

Навивачите на Пик Сегед со парола на македонски за трагедијата во Бугарија

Во пресрет на дуелот од Лига на шампиони против Вардар кој се игра во четврток со почеток од 20:45, унгарските навивачи направија убав гест пред салата Јане Сандански.

Миралем Пјаниќ го има најсмешниот судар со соиграч во ЛШ

Босанецот доби удар со газ в лице од страна на Мехмед Топал и добро што стана и продолжи, бидејќи ова не изгледаше баш пријатно. Инаку Бешикташ има 0 бодови откако го загуби и петтиот меч во Лига на шампиони, овој пат дома од Ајакс со 1:2.

Сити со пресврт му се одмазди на ПСЖ, Милан во 87-ма минута го закопа Атлетико, а Бобан Николов продолжува во ЛЕ

Реал Мадрид, Интер, ПСЖ и Спортинг вечерва обезбедија осминафинале во ЛШ, каде таму од претходно патници се Сити, Ајакс и Ливерпул. Драматична стана ситуацијата во групата Б каде покрај Порто и Атлетико, во игра за втората позиција се приклучи и Милан.

Реакцијата на тренерот на Спартак Москва откако Спалети одби да се ракуваат

Фудбалерите на Наполи го загубија важното гостување од Лига Европа во Русија со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Наполитанците беше Елиф Елмас. Руи Виторија после мечот сакаше да се поздрави со Лучано Спалети, но овој го одби, а потоа образложи дека не се ракувал, бидејќи најпрвин португалскиот стратег не го сторил тоа пред стартот.

Голот на Елмас против Спартак и големата двојна шанса

По одличната партија против Исланд, Елиф Елмас се истакна со нова голгетерска партија и во дресот на Наполи. Македонскиот репрезентативец биеше прецизно со глава, но само го ублажи поразот на својот тим во претпоследното коло од Лига Европа.

Во НБА се појави играч кој забива неверојатно и сите му се чудат

Дечкото има 20 години (роден 2001). Се вика Грег Браун III, а веќе втор пат во два неполни месеци забива со баскетот од под нозе.

Малериште на месецот за 2 милиони денари

Бајат е тикетов едно три недели, ама моравме да го објавиме. 23 комада фатил, само Реал Сосиедад го дува за фантастични 32.715 евра. Коефициент 1.25. Мизерија.

Топ 6 лудачки голови во ЛШ

Некои ремек дела не се повторуваат во Лига на шампиони. Такви се на пример оние на Жорж Веа, Зинедин Зидан, Дејан Станковиќ, Лео Меси, Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Греота е човек да гласа само за еден.

Полицијата во Катар уапсила новинарска екипа од Норвешка која правела репортажа за Светското

Коруптивно до даска, за што призна и самиот Сеп Блатер, плус со нечовечно и дрско изживување врз илјадници работници кои починаа во голема бројка градејќи ги стадионите. Ама ене го ќе се игра, ова време следната година. Само да пазиме како ќе известуваме, да не почнат и од дома да не вадат со лисици, додека го гледаме со чварки и туршија.

Една година условна затворска казна за Бензема

Заврши долгата или предолгата сага за случајот со секс снимката на Валбуена, поради која Карим Бензема пет години беше суспендиран од француската репрезентација.

Ви текнува на Фабрицио Миколи? Ене го ќе оди во затвор, станал мафијаш

Ако Винченцо Јакинта, некогашниот фудбалер на Удинезе и Јувентус ја запрепасти јавноста откако беше приведен и затворен поради мафијашки дела, голем шок за носталгичарите на Серија А е и веста за пресудена затворска казна за некогашниот шпиц на Јувентус, Бенфика, Палермо.

Лудата реакција на Силва со која не дозволи гол-гол на Стемфорд Бриџ

Бразилскиот ветеран кој после толку освоени трофеи, пехари, медали, уште игра стабилно и добро за својата репрезентација и за Челси, синоќа на мечот со Јувентус командуваше со одбраната на сините. Во еден момент спаси чист гол на италијанскиот тим со реакција во која дури и се повреди.

Јак маалски потег на Лука Дончиќ

Фантастичниот словенечки репрезентативец реши и под повреда и силни болки да игра против ЛА Клиперс. Неколку дена паузираше поради повредата, но изјави дека многу е нервозен кога седи на клупа а не може да помогне. Неговиот Далас Маверикс го урна фаворитот ЛА Клиперс 112:104 после продолженија. Лука уфрли 26 поени со по 9 скока и асистенции. Во трет период постигна дури 16 поени.

Поништеното голчиште на Отаменди поради лошо изведен корнер

Барселона и Бенфика одиграа без голови, ама неколку пати го креваа адреналинот кај публиката на Камп Ноу. За играч на мечот е прогласен Отаменди поради одличните интервенции во одбрана, но Аргентинецот за малку и ќе го решеше мечот со атрактивен погодок.

Ај без карање дечки, ќе го решиме ова како мажи

Тројца го допревме дресот, кој тепа на лист, камен, ножички, негов си е, може така?