Зошто Бобо Виери и Пипо Инзаги важеа за најголеми мангупи

Додека првиот е галамџија и сака да се пофали за тоа која девојка ја посетила неговата спална, овој вториов е закопчан до врат и на папараците им бега како на времето на стоперите. А бил позаебан играч од Бобо.

Во ноември минатата година шпанскиот третолигаш Форментера направи сензација откако го елиминираше Атлетик од Купот на Шпанија.

„За тој остров знаевме само дека со години таму уживаа Бориело, Виери и Пипо Инзаги“, вели познатиот италијански новинар Иван Ѕаѕарони.

Ресортот на Средоземно море е рај за фудбалерите а за журките организирани од Виери и Инзаги на островот кружат легенди.

***

Еден од првите кој „го октрил“ овој остров е Кристијан Броки, некогашниот играч и кратко тренер на Милан.

„Тоа беше некаде на почетокот на 2000-те. Му раскажав на другар ми Бобо (Виери) дека најдов одлично тивко место за одмор. И гледајте што му се случи за 15 години“.

Откако стапнал на островот, Бобо повеќе е таму отколку во Италија. „Ако ме барате, отидов на Форментера. Бобо“, пријателите на Кристијан Виери отпечатиле маици со ваков натпис како шега за времето кое го минува таму. А Бобо не оди таму да дреме во пензионерски денови: Форментера е совршено место. Непрегледни плажи, море, девојки. Многу девојки. Локалците зборувале дека убавици од цела Европа слетуваат таму со една цел - да најдат некој фудбалер.

Пред да разбере за Форментера, Виери слободните вечери ги поминувал во Милано-Маритима, место на брегот од Јадранското море. „Другари таму држеа дискотека и јас имав клуч од канцеларијата па таму ги носев девојките. Понекогаш се случуваше да заборавам да заклучам врата па кога ќе влезеа другарите се правеа наудрени: „Здраво Бомбер! Како си? А јас глумев учтив, пристоен човек со спуштени панталони. И само ќе ми кажеа: „Добро е, се гледаме“.

Понекогаш се случуваше на сред забава да се здогледаме со девојка и да продолжиме заедно без да се запознаеме. Еднаш ми се случи да кажам: „Еј, па ние не се ни претставивме еден на друг. Јас сум Бобо... Се смеевме и продолжувавме“.

За разлика од другите (Пипо Инзаги во прв ред), Кристијан Виери обожава да зборува за себе и да раскажува моменти од својот бурен живот. Во автобиографијата „Викајте ме Бомбер“ (Chiamatemi Bomber), Виери со воодушевеност ракажува дека бомбардер не го викале за головите кои ги дал.

„Доаѓав во бар или во дискотека и заминував со две-три девојки. Ова не е фалење - просто таков е животот на фудбалерите. Нам искрено не ни требаат проститутки. Прво, мене лично тие не ми се допаѓаат. Второ, лесно стекнуваш познанства со девојки кога си познат. Јас практично секојдневно имав секс од 18 години. Бев млад, физички привлечен и сфатив дека треба да го искористам тоа. До сабајле не се прибирав дома“, пишува Бобо во својата автобиографија и додава:

„Сè што ќе прочитате во весници е вистина. Бев со многу девојки кои сте ги гледале на телевизија или во кино. Дури не може ни да претпоставите колку многу. Две-три истовремено? Секако. Во Интер со Роналдо имавме такви дружби што сите ни завидуваа“.

Најмногу внимание привлече еден сегмент од неговата биографија каде Бобо раскажува:

„Еднаш, кога излегов од базата на Интер, на кривината видов девојка пред паркиран автомобил со крената хауба.“

Виери сфатил дека треба да застане и да помогне но се испоставило дека на девојката не ѝ требало помош: „Јас сум твоја навивачка! Вози по мене и ќе ти покажам што знам“.

Бобо, каков што го дале, тргнал по неа и во книгата опишува: „Можете да претпоставите што правевме а кога се поздравивме се однесувавме како ништо да не било. И така секој ден во следните шест години.

„Сега знаете зошто на големо кружев кога одев во тренинг базата“, пишува некогашниот страшен центарфор на италијанската репрезентација и на Атлетико Мадрид, Лацио, Интер, Милан и Јувентус.

***

Уште една „фаца“ има побурно портфолио од Виери иако за тоа малку се знае. Пипо Инзаги не е така разговорлив како еден од неговите најдобри другари но не е тајна дека се што му се случувало на Кристијан, „пута два“ му се случувало и на Филипо.

Овој пар бил нераздвоен надвор од терните. Престојувале во една изнајмена куќа која личела на онаа на основачот на Playboy, Хју Хефнер.

„Виери и Инзаги? Па тие се ѕвезди на дискотеките“, еднаш рекол Марчело Липи којшто знаел за начинот на живот на напаѓачите зошто со нив често излегувал син му Давиде.

Во 2010-та DJ Angelo напишал смешна песма „Да ги имав парите на Инзаги... животот ми бил јога, секс и рок-ен-рол“, мотив кој го знае секој Италијанец.

Интересно е што во Филипо не се сомневал никој. Тој бил закопчан до врат и не оставал ни најмал сомнеж. Папараците сакале да откријат нешто повеќе но тој каков што беше и на теренот, секогаш им бегал.

Марика Фрушио - модел која се фалела дека спиела со Пипо Инзаги

За журките на Пипо еднаш раскажал Уругваецот Фабијан О’Нил кој од Каљари дојде во Јувентус:

„Се случи еднаш тој (Инзаги) да ги викне сите телевизиски водителки кај него. Пиевме, танцувавме, беснеевме и се заврши со секс. Учествуваа сите освен мене. Следниот ден ги гледав тие жени на телевизија: ’Гледај, гледај, вчера се дружевме со нив, ама ја ништо не направив’.

„Сум журкаџија, но причината не е од убедување, туку просто не ја најдов главната жена на својот живот. Во односите, како и во фудбалот јас сум манијакален перфекционист. Не се женам додека не бидам сигурен до крај. Вљубен сум бил пар пати, сум бил со различни жени а сум пател и плачел за љубов“, еднаш вешто изјавил Инзаги во едно од ретките интервјуа каде не збори за професијата фудбалер.

***

Еднаш во студио на каналот Sky Uno на Виери му предложиле да раскаже за некои познати девојки. Му покажувале фотографии со девојки, а тој требал да коментира со „да“ или „не“ и да даде краток коментар.

„Динамит!“, „Хиена!“, „Симпатична“, „Така-така“, „Не ја знам“, „Добра“, „Страшна!“ кратко коментирал Бобо.

Пред пет години Виери се запознал со Мелиса Сата - актуелна сопруга на Кевин-Принс Боатенг. Се запознале кога таа имала 18 години.

„Се вљубив во нејзината убавина. И кажав дека таа е уште млада, но кога ќе наполни 20 години ќе биде моја“. Врската со Сата била најдолга во животот на Кристијан. Три години бил во врска и со Елизабета Каналис, атрактивната тв водителка и поранешна девојка на Џорџ Клуни.

Црномурестата убавица Џазма Кендрик која е 20 години помлада од Виери не се жалела на начинот на живот на Бобо. Со неа се запознал на Европското 2016 пред мечот Италија - Шпанија. Италијанците тогаш победија 2-0 а коментаторите рекле: „Третиот гол го даде Виери. Каква девојка!“

Таман сите мислеа дека се смирил кога таа во 2017-та преку ноќ ги избришала сите постови и фотографии со него од својот Инстаграм профрил.

***

Во 2008-ма Инзаги се запознал со глумицата и тв-водителка Алесија Вентура. После две години татко му Џанкарло раскажал дека син му конечно ќе се ожени. Но парот се разделил и ниеднаш не кажале што се случило меѓу нив.

По отказот во Милан Пипо се разбира летнал за Форментера а на плажа со него имало повеќе девојки отколку во кабинетот на Силвио Берлускони.

„Ги фати во офсајфд“, коментирале медиумите.

Во летото 2017-та се сретнал со водителката Костанца Карачоло а во ноември лани магазинот Chi соопштил дека Костанца е бремена но по неколку дена таа негирала: „Судбината сакаше поинаку“. Инзаги на својот Инстаграм профил има само слики од својата работа како тренер во Венеција и не „лае“ како Бобо кој на крајот од февруари прокоментирал под една фотографија на Инзаги со партнерката: „Важно е да се смеете...“

14 март 2018 - 16:20