Во неизвесна завршница Окта поуспешни од С.Ц. Борис Трајковски

Аџибадем Систина, Сава Осигурување и Окта славеа победи во последниот ден од 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во неизвесна завршница Окта поуспешни од С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 7-8(2-6) Окта

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 27’ Горан Андоновски 23’ 27’ Јован Димовски 2’ Оливер Китановски 18’ 28’ Дарко Филимоанов 32’

Окта: Шеќо Личина 10’ 10’ 31’ Драганче Стојановски 3’ Драганчо Ѓорѓиовски 39’ Живко Котевски 8’ 14’ 20’

Еккипата на С.Ц. Борис Трајковски одлично го отвори дуелот против екипата на Окта со голот на Димовски во 2та минута, по ова следуваше жесток одговор на екипата на Окта која до 10та минута успеа да постигне 4 погодоци и да се стекне со високо водство. По овој шок екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да ги консолидира редовите и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување. Сепак екипата на Окта одлично ја постави својата одбрана и не дозволи на С.Ц. Борис Трајковски резултатски да се доближи. На паузата се замина со резултат од 2-6 во корист на Окта. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски го подигна темпото на игра и со брзи акции и одлични погодоци ја топеше разликата на Окта, па во 31та минута успеаа да дојдат до израмнување на 7-7 што ја направи завршницата на овој натпревар неизвесна. Во таквата завршница поуспешна беше екипата на Окта која го доби овој натпревар со 7-8.

Аџибадем Систина преку Димковски до победа над МЕПСО

МЕПСО 2-13(1-7) Аџибадем Систина

МЕПСО: Диме Рошковски 2’ 24’

Аџибадем Систина:Влатко Кузманов 40’ Кристијан Димковски 4’ 4’ 12’ 16’ 21’ 36’ 38’ 40’ 40’ Мирослав Неделковски 3’ 11’ Злате Бошковски 1’

Првото полувреме од дуелот помеѓу МЕПСО и Аџибадем сиситина и припадна во целост на екипата на Систина, тие уште во првата минута успеаа да постигнат погодок за водство од 0-1. Екипата на МЕПСО имаше брз одговор на ова водство со голот на Рошковски во 2та минута за израмнување на 1-1, по овие воведни минути следеше одличен период на игра за екипата на Систина која за само неколку минути преку расположениот Димковски успеа да направи висока предност од 1-7 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на МЕПСО успеа да постигне погодок што им даде дополнителен мотив да тргнат уште пожестоко кон голот на Систина со цел да го намалат водството од полувремето. Сепак екипата на Аџибадем Систина не дозволи изненадување и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 2-13

Сава Осигурување ја осигура победата со Фабрика Карпош - ГИМ

Сава Осигурување 5-2(2-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Сава Осигурување: Трајче Илиевски 22’ 35’ 40’ Андреј Китановски 13’ 15’

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 33’ Лазе Божиновски 38’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со доза на претпазливост и внимаваа повеќе на својата одбрана отколку на противничкиот гол. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и тргна со пожестоки напади кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ што резултираше со погодоци во 13та и 15та минута за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничко поле и со сите сили се обидуваше да постигне погодок со цел да фати резултатски приклучок, но до полувремето не успеа па Сава Осигурување на паузата замина со водство со 2-0. На старотот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0, оваа висока негатива не ја демотивира екипата на Фабрика Карпош –ГИМ напротив тие започнаа со уште пожестоки напади кон голот на Сава Осигурување што вроди со плод со погодок во 33та минута и намалување на водството. Но екипата на Сава Осигурување одлично ја постави својата игра во одбраната и не дозволи изненадување па на крајот го доби овој натпревар со 5-2

12 април 2019 - 10:45