Во Канада на патеката за Формула 1 редовно страдаат животинчиња

Дабари, мрмоти и верверички се животинчињата кои редовно се појавуваат на легендарната патека за Гран При во Монтреал. Пилотите возат толку брзо што само во ретки случаи и со чиста среќа успеваат да избегнат немили настани со животните.

Овие животни постојано трчаат по патеката и невозможно е да се спречат. Последна трагична епизода се случи за време на третиот тренинг пред Гран При трката за Канада кога една верверичка заврши под тркалата на болидот на Себастијан Фетел.

На самата снимка не може да се воочи малата верверичка, но некој од присутните во публика направил фотографија со висока резолуција:

Бројот на загинати животинчиња за среќа не беше поголем, затоа што исто на третиот тренинг Кими Раиконен со некакво чудо успеал да не згазне еден мрмот 

А уште поневеројатна реакција на тренинг сесијата имаше тест-пилотот на Вилијамс, Никола Латифи кој рефлексно реагираше:

ЖИВОТИНЧИЊА ГИНАТ ПОД ТРКАЛАТА СЕКОЈА ГОДИНА

На повеќе патеки за Формула 1 често истрчуваат животни, но во Монтреал ова е најредовна појава.

Во 2018-та година една верверичка претрчала на патеката а тогаш налетал пилотот на Хас, Ромен Грожан и малото животинче немало никаква шанса да избегне несреќа.

(не баш пријатно видео за гледање):

После трката, Грожан го терале во знак на извинување да поразговара со маскотата на патеката и да јавно да се извини до јавноста

via GIPHY

Во 2016-та, пак Фетел имал неволја, откако два млади галеби стоеле на патеката

Во 2008-ма година еден мрмот направил општ хаос меѓу присутните, затоа што за малку ќе излетал на патеката каде пилотите летаа со брзина над 200 км/час.

Во 2007-ма година се случи неверојатен настан откако еден мрмот на голема среќа не заврши под тркалата на Тојотата на Ралф Шумахер

Досега на канадската етапа од Формула 1, секоја година гинат по едно до две животинчиња. Просто организаторот не може да најде начин да ги спречи да влетуваат на патеката, иако се поставени многу камери во околина. Притоа мобилни телефони со нормални камери се појавија веќе од средината на ’2000-те години, па гледачите забележуваат се повеќе случаеви со овие животинчиња на патеката.

ОД КАДЕ ИЗЛЕГУВААТ И ЗОШТО НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА?

Автодромот по името на големиот Жил Вилнев се наоѓа на островот Нотр Дам, изграден во 1965-та година за потребите на Светскиот саем (ЕКСПО) и на почеток имало само павиљони и големи комплекси. Но во 1975-та година создале гребен канал а во 1978-ма целата територија на островот ја направиле патека за Формула 1.

Во 1980-та година властите во Квебек испланирале пограма за раззеленување и уредување на островот: на Нотр Дам засадиле дрвја а ги средиле и крајбрежните плажи.

Од тогаш на автодромот кој се наоѓа на сам остров се појавиле и „шумски ѕверки“ коишто уживале во близината на студената река Свети Лаврентиј.

На почетокот на ’80-те години немало многу животинчиња коишто се плашеле од страшниот звук на болидите и останувале подалеку. Но после десетина години, помладите генерации на овие животни веќе се навикнале на шумите и на луѓето, престанале да се плашат од гужвите и почнале често да им се појавуваат на гостите на автодромот.

Од средината на минатата деценија локалните еколози се фатиле за работа и на недела дена пред стартот на Гран-прито ги носат животинчињата на соседниот остров Света Елена.

На почеток планот изгледал супер, но во реалност не бил многу ефективен: да се ловат сите животинчиња било невозможно, зошто сите кои биле пренесувани на другиот остров, брзо се враќале во родниот простор.

Како резултат на тоа, канадското министерство за животна средина донело тешка одлука да се помири со можните страдања и загуби на овие мили животинчиња и повеќе да не се меша во биосферата на Нотр Дам.

Поранешниот директор во Формула 1, Чарли Вајтинг за овој проблем рекол дека сите и секакви обиди да се спречат животните да излетуваат на стазата биле неуспешни.

„Правиме сè што можеме, ги проверуваме оградите, ги гледаме ископите, ги засипуваме дупките, но тие просто излегуваат од други места. Ова не е нормално, но во реалноста не можеме да направиме повеќе за да ги заштитиме“, рекол Вајтинг во 2018-та.

Минатата сезона Формула 1 го продолжи договорот со Гран При Канада до 2029-та година што значи дека проблемот со животните на патеките и натаму ќе биде голема главоболка за локалните власти.