Во израмнет натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор ги поделија бодовите

Еуро Табак освои 3 бода во последниот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија, а другите две средби завршија без победник.

Во израмнет натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ3-3(2-2) Рамстор

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 2’ 40’ Александар Божиков 19’

Рамстор: Ибрахим Бекир 10’ Тугај Зекири 18’ Енгин Мемеди 32’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во втората минута од полувремето, ова рано водство ја примора екипата на Рамстор да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина што резултираше со комплетен пресврт од 1-2. Во финишот од полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да реализира за изедначен резултат на полувремето. Во второто двете екипи продолжија во високото темпо на игра, на двете страни имаше многу шанси за гол но слаба реализација, се до 32та минута кога Рамстор искористи грешва во одбраната на Фабрика Карпош за повторно да го превземе водството и резултат од 2-3. Во последната минута од натпреварот екипата на Фабрика Карпош преку Панев успеа да реализира и да дојде до реми. Крај 3-3

Еуро Табак преку Ливрински до победа над ВИП

Еуро Табак 4-2(1-1) Вип

Еуро Табак: Мартин Ливрински 16’ 24’ 36’ Дејна Јанковски 31’

Вип: Ненад Богдановиќ 15’ Васко Дојчинов 26’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и ВИП, и на двете страни се играше цврс фудбал на ивица на фаул. Одбраната на двете екипи им беше во преден план и беа максимално сконцентрирани на неа. Двете екипи успеа да постигнат по еден гол и со израмнет резултат да заминат на паузата. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак ги поврза своите редови во нападот и со колективна игра успеа да направи резултатска предност од 2 погодоци која беше недостижна за екипата на ВИП. Мора да напоменеме Ливрински имаше своја вечер и беше еден од најзаслужните за победата на Еуро Табак од 4-2.

Окта и Пекабеско одиграа израмнет натпревар

ОКТА 5-5(2-1) Пекабеско

Окта:Драганче Стојановски 25’ 30’ Драганчо Ѓорѓиевски 9’ Живко Котевски 2’ Александар Јовчевски 23’

Пекабеско: Бобан Вујиќ 40’ Александар Арсиќ 7’ Марко Ѓоргиевски 16’ Стефче Стојановски 33’ 34’

Во првото полувреме екипата на Окта во раната фаза од натпреварот успеа да постигне гол со што најави добра игра во дуелот со Пекабеско. Екипата на Пекабеско успеа да дојде до израмнување но екипата на Окта имаше одговор за водство од 2-1 резултат со кој се отиде на полувремето. Во раната фаза од второто полувреме екипата на Окта со одлична игра и перфектна реализација успеа резултатски да се одлепи, по што екипата на Пекабеско во своите редови внесе голман играч, тактичка измена која вроди со плод со што успеа да го израмни на 5-5 резултат со кој заврши натпреварот.

22 март 2019 - 09:31