Вавринка до сензационална прва Грен слем титула

Швајцарецот Станислав Вавринка го совлада рекетот број 1 во светот во финалето од Австралија опен со 3:1 и со тоа стигна до првата титула во најважните турнири. Овој голем триумф му носи високото трето место на АТП листата.

Осмиот носител на Австралија Опен стигна до првата Грен слем титула во меч кој траеше два часа и 21 минута славејќи во финалето над Рафаел Надал со 3:1 (6:3, 6:2, 3:6, 6:3).

Откако во четвфртиналната пресметка го совлада вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ, а потоа во полуфиналето и Бердих, Вавринка стигна и до првиот триумф против Шпанецот против кого до сега немаше освоено ниту еден сет во 26-те одиграни.

Вавринка тргна фуриозно уште во првиот сет во кој освои брејк и поведе со 6:3, но на стартот од вториот сет Надал побара лекарски тајм аут и остатокот од мечот го доврши со болки во грбот.

Но тој немаше намера да се предаде, па дури и со повреда успеа да го земе третиот сет, но Вавринка не му дозволи целосен кам бек и во последниот сет направи два брејка за триумф од 3:1

За Рафаен Надал ова беше 20 финале во Грен слем турнирите на кои има 13 освоени титули, а на Станислав Вавринка првата победа против Надал му ја носи третата позиција на АТП листата.

26 јануари 2014 - 12:42