Тајсон: „Како мал мајка ми ми давала ликер и марихуана за да заспијам побрзо“

Легендарниот боксер гостувал во подкастот на коментаторот на UFC Џо Роган и таму раскажал многу, многу детали од неговиот живот и кариера.

Интервјуто траело половина час а најдолга тема на разговор биле наркотиците.

„Никогаш не сум пиел кафе, не сум ни пробал. Одам во Starbucks но таму пијам само чај. Жена ми пие кафе, јас не. И дрога сум пробал, ама кафето мислам дека нема никаков ефект.

Првпат пробав дрога како дете, на 10-11 години. Пушев и пиев. На 11 години пробав и ејсид (ЛСД).

Кога го победив Тревор Бербик многу пиев. Не пиев само за време на подготовките на мечот а после му се враќав на пиењето.

„Сексот пред борбите инспирира. Повеќе помага отколку што смета.

Станав познат на 19 години. Беше неверојатно. Работев по планот на Кас Д'Амато (тренер на Тајсон). Благодарение на тој човек станав млада суперѕвезда.“

„Како мал мајка ми ми давала ликер и марихуана, за да заспијам побрзо. Но мислам дека тоа не и помогнало. Мајка ми беше алкохоличарка.“

„Сега пушам марихуана. Мрачен тип сум без марихуана. Сакам да пушам после напорен ден. Тревата ме опушта, ме прави поактивен и позитивен.“

Целиот подкаст:

1 февруари 2019 - 13:49