Што може да ти направи силен ветер на скокалница?

Брзината е 86,4 км на час, должината досега невидени и лудачки 161,5 метри, а храбриот скокач е Тими Зајц на скокалницата во германскиот град Вилинген, долга 130 метри. Словенецот со помош на ветерот стигна до врвниот резултат кој сепак не му се брои како светски рекорд, бидејќи не успеа да се задржи на нозе.

Рекордот останува кај Пољакот Клеменс Муранка кој во 2021 година скокна 153 метри. 22 годишниот Зајц за среќа нема сериозни повреди. Поради лошите временски услови, организаторот пресекол да нема втора серија.

6 февруари 2023 - 11:57