Русин удри во гледачи на Рели Дакар па го дисквалификуваа

Рускиот тим КамАЗ-мастер е исфрлен од понатамошното рели Дакар затоа што возачот Андреј Каргинов ај што удри во група гледачи во пустината, туку си продолжи како ништо да не било. Рускиот возач удрил 60-годишен маж од Јужна Африка при што овој доживел повреда на бедрената коска и со хеликоптер бил префрлен во болница.

Каргинов бил победник на Дакар релито во 2014 година. Следната етапа од ова напорно рели ќе се вози на 13 јануари. Маратонот завршува на 17 јануари.

12 јануари 2019 - 14:28