Рамстор со победа над Уника до финале во Бизнис Лигата

Екипите на Рамстор и Лукоил ќе играат во финалето на третата сезона од Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил со победа во нафташкото дерби до влез во финале

Макпетрол 3-8(0-3) Лукоил

Макпетрол: Мартин Дејаноски 26’ 37’ Мишо Ѓоргиевски 38’

Лукоил: Марјан Цветковски 12’ 25’ Љупчо Апостоловски 16’ 35’ Мартин Алаѓозовски 18’ 40’ Дејан Зиков 24’ Лоренцо Николовски 40’

Првиот полуфинален натпревар го отворија екипите на Макпетрол и Лукоил, двете екипи започнаа со жесток ритам на игра и многу офанзивен фудбал. Уште на самиот старт се редеа шанси за гол и на двете страни, екипата на Лукоил беше таа која го отвори резултатот во 12та минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски. По оваа негатива екипата на Макпетрол направи неколку ротации во тимот и тргна жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, но ваквата отворена игра скапо ги чинеше екипата на Лукоил преку контра напади успеа до крајот на полувремето да постигне уште два погодоци и на паузата да замине со предност од 0-3. Вовторото полувреме екипата на Макпетрол фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива, тие во игра уфрлија и голман играч со цел да добијат вишок во нападот, но екипата на Лукоил одлично ја имаше поставено играта во одбраната и имае целосна контрола врз играта и резултатот.

Рамстор со победа над Уника до финале во Бизнис Лигата

Рамстор 5-3(1-1) Уника

Рамстор: Јахија Кадир 16’ 22’ 36’ Ибрахим Бекир 30’ Ведат Арслан 39’

Уника: Бесими Нухиу 9’ Бенјамин Граинца 27’ Љуљзим Каштањева 32’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Уника, првата фаза од полувремето одмина со игра на средината на теренот во која екипите ги одмеруваа силите, тие се обидуваа со индивидуални акции и удари од далечина да го отворат резултатот, Екипата на Уника во 9та минута успеа во таа намера, но екипата на Рамстор неколку минути подоцна успеа да реализира еден полу контра напад и да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку шанси за погодок но голманите со одлични интервенции успеаа да ги сочуваат мрежите мирни. Во второто полувреме двете екипи се определија за поофанзивна игра што ни понуди поефикасно полувреме, екипата на Рамстор успеа во 22та минута да дојде до водство. До крјот на натпреварот екипата на Рамстор доста умешно го чуваше своето водство и покрај силниот притисок од страна на Уника да дојде до израмнување. Натпреварот заврши со конечни 5-3 во корист на Рамстор.

23 мај 2018 - 16:04