Рамстор со победа над Аџибадем Систина до Ф8

Сава Осигурување, Гранит, Македонски Телеком и Рамстор славеа победи во првите нокаут мечеви од Бизнис лигата на Македонија.

Гранит со погодок во завршницата за влез во Ф8

Еуро Табак 0-1(0-0) Гранит

Гранит: Николче Глигуровски 37’

Првата фаза од дуелот помешу екипите на Еуро Табак и Гранит одмина во висок ритам на игра но без многу шанси за погодок на двете страни. Двете екипи беа многу претпазливи и поголем фокус ставија на одбраната, па затоа и изостанаа и погодоците, како одминуваше времето двата тима започнаа со поофанзивна игра па започнаа и шансите за гол и на двете страни. Голманите на двете екипи со одлични интервенции во неколку изгледни ситуации за погодок умаа одлични реакции и ги сочуваа своите мрежи мирни па на полувреме се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра идентично без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше полувремето и двете екипи како да се подготвуваа за пенал завршница, но екипата на Гранит во последните минути од натпреварот односно 37та минута успеа да реализира еден контра напад за водство од 0-1, погодок вреден победа и пласман во Ф8 фазата.

Сава Осигурување со сигурна игра до победа на ЕВН

Сава Осигурување 10-3(4-1) ЕВН

Сава Осигурување: Данило Поповски 11’ Јовица Марковски 18’ 33’ Коста Глигуровски 3’ 26’ 28’ Трајче Илиевски 26’ 29’ Андреј Китановски 9’ 39’

ЕВН: Вилијам Митев 17’ Бојан Симоновски 32’ Драги Стојанов 26’

Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот против екипата на ЕВН, уште на самиот старт поточно во 3та минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок за водство од 1-0. Овој рано постигнат погодок на Сава Осигурување даде дополнителен мотив, па продолжија со уште поагресивна игра што им донесе високо водство од 3-0 до 11та минута. Оваа негатива ја примора екипата на ЕВН да врши силен пристисок кон голот на Сава Осигурување како би реализирала за резултатски приклучок во ова полувреме, што им успеа во 17та минута за манмалување на водството на 3-1. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок за висока предност од 4-1 на полувремето. Во воведните минути од второто полувреме екипата на Сава Осигурување со погодоците на Глигуровски 25та – Илиевски 26та отиде на висока предност од 6-1. По оваа висока негатвиа екипата на ЕВН направи промена на тактиката внесувајќи во игра голман играч со цел да ја намали високата предност на Сава Осигурување, сепак екипата на ЕВН не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Сава Осигурување која го доби овој натпревар со високи 10-3

Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над Уника

Уника 2-5(2-2) Македонски Телеком

Уника: Кренар Сума 12’ 13’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 39’ Стефан Наскоски 16’ Даниел Анчевски 7’ Марко Магденовски 27’ 29’

Одличен старт на екипата на Македонски Телеком во дуелот со Уника, со погодокот на Анчевски во 7та минута екипата на Телеком се стекна со водство од 0-1. По овој погодок екипата на Уника се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на Телеком, што вроди со полод со двата одлични погодоци на Сума во 12та и 13та минута за целосен резултатски пресврт од 2-1. Во останатиот дел од полувремето екипата на Телеком бркаше резултат, тоа им успеа во 16та минута со голот на Насковски за 2-2 за реми на полувреме. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со високо темпо на игра и жестока борба по целиот терен, екипата на Телеком беше поконкретна во 27та и 28та минута со двата гола на Младеносвски успеа да го превземе водството на 2-4. По оваа негатива екипата на Уника фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива по израмнување, но екипата на Телеком одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 2-5.

Рамстор со победа над Аџибадем Систина до Ф8

Рамстор10-5(3-2) Аџибадем Систина

Рамстор: Фуркан Муртезан 32’ Ибрахим Бекир 17’ 26’ 40’ Михрем Мемед 36’ Ведат Арслан 8’ Енгин Мемеди 11’ 23’ 31’ 40’

Аџибадем Систина: Влатко Кузманов 40’ Далибор Дамјановиќ 8’ Игор Ѓорѓиевски 9’ 36’ Златко Бошковски 34’

Возбудлив прв дел од натпреварот помеѓу Рамстор и Аџибадем Систина, екипата на Систина прва дојде до водство со погодокот на Дамјановиќ во 8та минута. Радоста на екипата на Систина кратко траеше, во истата минута екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за израмнување на 1-1. По овие воведни погодоци следуваше нов погодок за екипата на Систина во 9та минута за предност од 1-2, екипата на Рамстор испорача одговор во 11та минута за повторно израмнување на 2-2, До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за резултат од 3-2 на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-2, а неколку минути подоцна со голот на Бекир за високи 5-2 за екипата на Рамстор. До крајот на натпреварот екипата на Систина се обидуваше да фати презултаски приклучок но екипата на Рамстор со умешна игра од минута во минута го зголемуваше резултатот за конечна победа од10-5.

31 мај 2019 - 09:24